логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Сеноќно бдение во Струмица на празникот на свети Григориј Палама (11.03.2012)


Во втората недела од Великиот пост посветена на свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј во Струмица. На Литургијата ѓаконот Горан Георгиев беше ракоположен во презвитерски чин при што го доби името Герасим. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.

 

Та по секој можен начин да спасам некого

                        Нем останува човек пред светоста на личноста и пред недомисливите димензии на подвигот на Христовиот апостол Павле. Видете ја само неговата слобода со која еднаш за секогаш ја запечатува превосходноста на харизмата во однос на институцијата, на плодовите од Духот во однос на овоземната административна организираност на Црквата: „А кога Бог, Кој ме избра од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син, за да благовестувам за Него меѓу иноверците – веднаш не го прашав ни телото, ниту крвта, ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск“ (Гал. 1, 15-17).

            Но, превосходноста на харизмата во однос на институцијата не значи и превидување на црковната потреба од административна организираност и од почитување на хиерархијата, редот и поредокот во овој свет и век – особено на тие кои почиваат на литургиската хиерархија, ред и поредок и се нивно продолжение: „А на три години потоа отидов во Ерусалим за да се видам со Петар, и останав кај него петнаесет дена. Други, пак, од апостолите не видов освен Јаков, братот Господов“ (Гал. 1, 18-19). Во историскиот период на Икона многу треба да внимаваме и на институционалната организираност на Црквата – да функционира нормално и ефикасно и да не излегува од рамките што ѝ се дадени во нејзините литургиски основи, а вистинската вредност и значење на харизмата јавно ќе дојдат до израз дури во Царството Небесно, во вечноста на Вистината.

            Но, неговата слобода и сила во апостолското делување не се заснова на вообразба на духовни состојби и на имитација на духовен живот, туку на реален и обожен личен подвиг: „Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, коишто човек не може да ги искаже. Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости“ (2. Кор. 12, 2-5). Значи не само што видел туку и чул. Ова „чул“ е опис на личен однос, на гледање лице во лице – духовна состојба на обожение која се проповеда меѓу совршените (види 1. Кор. 2, 6-8).

            И после сета божествена слава со која од Бог е украсен Апостолот, гледајте сега што значи вистински следбеник и пратеник на Оној Кој, крајно снисходејќи, се воплоти и стана човек и Кој, послушен на Својот Небесен Отец а заради нас и наше спасение, пострада до смрт – смрт на Крст: „Зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам; на Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и нив; за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бог не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон. За слабите станав како слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та по каков и да било начин да спасам некого. А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него“ (1. Кор. 9, 19-23). Претходниот пасус е најсилното сведоштво за неодминливоста на личносниот пристап при сведоштвото на новозаветната благовест меѓу луѓето, кој му дава сила на оној што љуби смирено да снисходи до поистоветување со љубениот.

            Тајната, пак, на личносниот пристап во неговата мисија е божествената љубов, која секој свој ближен смирено го става повисоко од себе и му служи во Домостројот на спасението без оглед на тоа како ќе изгледа тоа во очите на светот, а која светиот Апостол просто ја опева со следните зборови: „Мислам дека нас, апостолите, Бог нѐ постави најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето. Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. До овој час ние и гладуваме и жедуваме, и необлечени одиме, се мачиме и скитаме по светов, но се трудиме, работејќи со своите раце. Кога нѐ укоруваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – трпиме; кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе“ (1. Кор. 4, 9-13).

            Зошто го пишувам сето ова? Гледам некои епископи на Православната Црква (особено, пак, некои новоракоположени), одредени црковни состојби се обидуваат да ги решат од позиција на власт и во краток временски интервал – со просто издавање на наредби (иако понекогаш се обидуваат и логички да ги објаснат и оправдаат), со закани, со казни, со уцени, со психолошка војна и со што ли не, спротивно од начинот на кој Богочовекот Христос, светите апостоли (светиот апостол Павле) и светите Отци ги решавале црковните проблеми. А со таквиот начин само создаваат поголем отпор и ја оневозможуваат црковната мисија, на штета на единството на целата Црква.

            Сакам да ги посоветувам таквите и да се потсетам самиот себе: браќа, нашите духовни чеда (ниту кој било друг) нема да примат од нас ништо ако претходно не оствариме личен однос со нив, со други зборови, ако не видат дека преку нашите совети се исцелуваат и ги преобразуваат своите страсти, а за тоа треба време. Притоа, сѐ што сакаме да промениме кај нив, ќе промениме пред сѐ со личен пример и со молитва од длабочината на нашето срце (затоа што, секоја побожна цел пред сѐ тука се остварува), а не толку со рационална и насилна проповед. И на крај, немојте да очекувате дека преку ноќ ќе се случат чуда од нашиот труд. Ние сега главно го сееме семето (имајќи го предвид историскиот период кој претходеше), а многу малку жнееме. Вистинскиот плод  ќе се појави дури после нашата смрт – под услов таа да биде на кој било начин маченичка во очите Божји, односно, ние да сме пострадале заради сведоштвото и спасението на посветениот ни народ Божји. Плодот ќе го жнеат други (види, Јован 4, 37) – нашите ученици, кои само на претходно опишаниот начин и ќе ги создадеме.

            Еве уште еден непрелестен патоказ и потврда од Апостолот за она што претходно го напишав, оставени за сведоштво на сите нас: „Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе; вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето“ (2. Кор. 3, 2-3). Мислите дека е ова само поетска метафора во апостолскиот израз? Не! Само она што ќе можеме со Духот на живиот Бог да го напишеме на телесните плочки на нашето срце, само тоа ќе можеме да го напишеме и на плочките од срцата на поверениот ни народ Божји. Тоа не е само поезија, тоа е исихастичко-евхаристиски опит и реалност.

   Значи, да повторам, Богочовекот Христос сѐ направи ‘од внатре’, притоа бескрајно многу страдајќи. Како што некој рекол приближно вака: Богочовекот Христос го спасува човекот не преку издавање наредби од небото и преку демонстрација на сила, како наш господар и судија, туку напротив, Христос ни се објави Себеси преку љубовно поистоветување, преземајќи ја ипостасно нашата падната човечка состојба (освен гревот), правејќи ја Своја сопствена, и низ страдање на Крст ги совлада ѓаволот, гревот и смртта. На истиот начин постапуваат и сите што се Негови – преку љубовно поистоветување (станувајќи им на сите сѐ), страдајќи, ги спасуваат своите ближни.

   Друг некој пак рекол: паганските религии раскажуваат за тоа какви жртви човек треба да им принесува на боговите (демоните). Евангелието Христово раскажува за тоа каква жртва Бог им принесе на луѓето. А јас ќе речам: Житијата на светите раскажуваат за тоа, каква жртва епископите му принесувале на доверениот им народ Божји.

            Сега сами можете да ја забележите огромната разлика помеѓу пастирскиот идеал опишан погоре и неодговорните (најблаго речено) и непастирски изјави кои понекогаш ги слушаме, дека расколот во Република Македонија е надминат преку остварување на црковното единство од страна на едвај неколку десетина души со Српската Православна Црква. За езуитскиот начин (целта ги оправдува средствата) и за демонската злорадост и самодоволност кај некои од протагонистите (неуспешни спин мајстори) во случајов, воопшто и да не зборуваме. Ќе го додадам само уште ова: браќа, ние епископите го држиме клучот од вратите на Царството Небесно и должни сме што повеќе луѓе да поминеме низ тие врати – најпрво оние што силно сакаат. Ние имаме власт тие врати и да ги затвориме, но само за непријателите на Црквата, а не за оние што сакаат. Ако се обидеме да ги затвориме за оние што сакаат да влезат, ќе си ги затвориме за самите себе. Кој не верува, а постапува така, нека провери во своето срце.

            И да не должам, кој има уши нека чуе. Ќе го завршам пишувањево со зборовите на светиот апостол Павле: „Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христос Исус, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието. Затоа, ве молам, подражавајте ме мене, како што јас – Христос“ (1. Кор. 4, 15-16).

                Оваа беседа ја посветувам на мене многу мил светител, на светиот отец наш Григориј Палама, Архиепископот Солунски – верен следбеник на светиот апостол Павле (на неговото дело) во Македонија – и на аскетско-исихастички и на апостолски план, чиј спомен го чествуваме во втората недела од Великиот Пост.

Митрополит Струмички Наум     

 

  



Лето Господово 2012

 

 

Друго:

Та по секој можен начин да спасам некого (11.03.2012)

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало (26.02.2012)

Зошто неутешно и беспомошно страдаме?

ГРАБНУВАЊЕ ИЛИ ВООБРАЗБА“ (04.02.2012)

Митрополит Струмички Наум- Богојавление, во меѓуцрковните односи (19.01.2012)

Плодоносна девственост (15.01.2012)

Витлеемски домови (07.01.2012)

Сеноќно бдение во Струмица - Главен ориентир (31.12.2011)

Синаксис во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса - ТРИ ОРИЕНТИРИ (29.11.2011)

Интернет синаксис за сите (13.11.2011) - Знаци на напредок?

Божествена Литургија во Струмица на празникот на св. Димитриј -„Kонкретно проверливo“ (09.11.2011)

Митрополит Струмички Наум - Плачот на душата (30.10.2011)

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Петтобројниот хор на Христови Апостолисо пофални песни да го восфалимеСила, Силуан, Крискент, Андроник со Епенет,зашто тие идолската прелест ја разобличија,а...

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная