Lazo.sv.Tarsije.jpg

Маркова Сушица, 9 март 2012 год.- Манастир на св.бмч. Димитриј

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

На 9-ти март  2012 година,   кога Светата Црква го  слави  споменот на свети Тарасиј, патријарх Цариградски и преподобен Пафнутиј Кефаласслужи, протоереј Лазо Николовски отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови во  Марковиот манастир- Св. вмч. Димитриј Солунски, во Маркова Сушица( скопско). Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, прегрнати со многу љубов и внимание од сестринството на манастирот, спокојно и дружељубиво ги поминавме заедничките моменти во просториите на манастирот.

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Од книгата Битие (1.Мој.5,32;6,1-8)

Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета. А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години." А имаше во тоа време џинови на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески - оти се каам што ги создадов." Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

 

Некој брат го запрашал старецот: „Зошто авва, моето срце е толку сурово што не се плашам од Бога?" Старецот му одговорил: „Мислам дека кога човекот во своето срце го прима обликот на самиот себе, тој добива страв Божји". Братот го запрашал: „Во што се состои тоа разо-бличување?" Старецот одговорил: „Во тоа што човекот за секоја постапка ја разобличува својата душа говорејќи си самиот на себеси: спомнувај си дека мораш да излезеш пред Бога". И уште: „Што сакам за себе ако живеам со човекот (а не со Бога)? Според тоа, мислам дека во него, ако го пази самообликувањето, ќе се насели стравот Божји".

Lazo.sv.Tarsije.jpg

 Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

Lazo.sv.Tarsije.jpg

 Преминпортал

Лето Господово 2012

Друго:

Божествена Литургија во Марков манастир (Прочка)- 26.02.2012