логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 


На 04. 03. 2012 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, Св. Лав еп. Катански, препод. Агатон Римски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Митрополитот г. Иларион во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитот г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и изврши Молебен за обраќање на оние кои заблуделе и отпаднале од Православната Црква по што православниот верен народ и се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба.

 

ИСПОВЕДАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА

Го исповедаме, Господи, Твоето големо и неспоредливо човекољубие и – така мислиме, така говориме, така проповедаме: Христа Вистинскиот наш Бог и Неговите Светии ги прославуваме со зборови, списи, мисли, жртви, со храмови и со икони; Него, како Бог и Владика почитувајќи Го и поклонувајќи Му се, а Светиите, заради заедничкиот наш Господ, и како Негови верни служители прославувајќи ги и оддавајќи им должно поклонение.

Ова е верата Апостолска. Ова е верата на Отците. Ова е верата на Православните. Оваа вера ја утврди вселената.

Од тоа, ние ги примаме и потврдуваме Соборите на Светите Отци и нивните преданија и списи, како и оние кои се во согласност со Божественото Откровение.

И, иако има непријатели на Православието и отстапници од промислителното и спасоносно Откровение на нашиот Господ, сепак, Господ  погледна на срамотењето на Своите слуги, зашто Он ги урна хулителите и непријателите на Православието како подмукли и бегалци.

Поради тоа ги благословуваме и ги фалиме оние, кои го приклониле својот ум во послушност на Божественото Откровение, и кои се бореле за тоа, и така, следејќи го Светото Писмо и чувајќи го Преданието на древната Црква, ние ги отфрламе и проколнуваме сите кои се противат на Неговата Вистина, ако тие, додека се чека на нивно обраќање и покајание, одбијат да се покајат пред Господа.

На оние кои го одрекуваат постоењето Божјо, и тврдат дека светот е самопостоечки, и дека сите твари во него настанале случајно, без Промисла Божја – нека е анатема.

На оние кои велат дека Бог не е Дух, туку тело, или дека Он не е праведен, милостив, мудар, сезнаен, и други такви хули – нека е анатема.

На оние кои се осмелуваат да кажат дека Синот Божји, а исто така, и Светиот Дух, дека не се едно по суштина, и дека не се со иста чест со Отецот, и кои исповедуваат дека Отецот и Синот и Светиот Дух не се Еден Бог – нека е анатема.

На оние кои говорат хули, дека доаѓањето во овој свет на Синот Божји во тело и Неговото доброволно страдање, смртта и Воскресението не биле потребни за наше спасение и искупување од гревот – нека е анатема.

На оние кои ја отфрлаат благодатта и искупувањето кои се проповедани со Евангелието, како единствени средства за наше оправдување пред Бога – нека е анатема.

На оние кои се осмелуваат да говорат дека Пречистата Дева Марија не била Дева пред раѓањето, при раѓањето и по раѓањето – нека е анатема.

На оние кои не веруваат дека Светиот Дух ги вдахновувал Пророците и Апостолите, а преку нив Нè упатува и нас на вистинскиот пат за вечно спасение и го потврдува истото со чудеса, а и сега пребива во срцата на сите верни и вистински христијани, и Ги води кон секоја вистина – нека е анатема.

На оние кои ги отфрлаат сите Свети Тајни држани и пазени од страна на Црквата Христова – нека е анатема.

На оние кои се одрекуваат од Соборите на Светите Отци и од нивното Предание, кое е во согласност со Божественото Откровение, и побожно е чувано од страна на Православната Соборна Црква – нека е анатема.

На оние кои ги навредуваат и ги хулат светите икони, кои Црквата ги прима во спомен на делата Божји и во спомен на оние кои Му угодиле, за да оние кои ги гледаат ги вдахнат на побожност и ги поттикнат да се угледаат на нивните примери, и на оние кои велат дека иконите се идоли – нека е анатема.

 

 

Повеќе

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

02/07/2024 - петок

Св. пророк Илија; Свети Пречистански преподобномаченици;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Бог се спротивставува на горделивите,о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,исцелувајќи ја душата и болестите телесни,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная