На денот на светиот Вонифатиј (Почеток на Григоријанската Нова Година), во манастирот »Успение на Пресвета Богородица« во Јанковец, се отслужи сеноќно бдение. На бдението присуствуваше и Митрополитот Петар Преспанско-Пелагониски и чиноначалствуваше со Светата Литургија. Служеше и ресенското свештенство, а на певницата беше протопсалтот Георгиј Секулоски, заедно со ученици од Македонската Православна Богословија.
Митрополитот, господин Петар во својата беседа проговори за страдањето во светот, напоменувајќи на тешките страдања на свети Вонифатиј и безбројните Христови маченици; кое е мачеништвото во современиот свет и како ние сме сведоци (маченик на елински: мартир – сведок) за Христовата вера. Во овој свет искушенијата се на полза на човекот, знак дека Бог нè посетува.
Известува: Антонио Лазески
Pосети:{moshits}