Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека пак оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче (наместо престолот) и се седнаа себеси на столчето - (се осудија себеси) - се ослободија од судењето на Праведниот Суд во Судниот ден и го наследија рајот како благочестиви деца Божји. (Старец Паисиј Светогорец )