Храм на св. Петка, Скопје
Тропар, глас 4
Кога се вознесе Илија, реката Јордан се врати назад (удрена) со кожувот на Елисеја, и водите се разделија на две страни, па тој помина како по суво, како вистинска праслика на крштението, со чија помош текот на овој живот го минуваме. Христос се јави на Јордан за да ги освети.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 1)
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.“ „Гласот на оној, што вика во пустињата: пригответе го патот на Господ, израмнете ги патеките Негови.“ Се јави Јован, крштавајќи во пустињата, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.“
Денес, во триест и првата недела после Педесетница, во предпразненството на Светото Богојавление и празникот на светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона , преподобната мајка Синклитикија се отслужи Божествена Литургија на свети Василиј Велики. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По светата Литургија,се изврши Голем Богојавленски водосвет.
Преминпортал
Лето Господово 2012