Ако светот ја знаеше силата на Христовото слово: “Научете се од Мене на смирение и кроткост”, тогаш целиот свет, целата вселена ќе ги оставеше сите други науки и ќе ја учеше само оваа небесна наука.
Луѓето не ја знаат силата на Христовото смирение. И заради тоа ги влече земното. Но човекот не може да ја познае силата на тоа слово Христово без Светиот Дух. А кој ја познал тој нема да ја остави таа наука, дури и да го збогатат со сите светски царства.
Господи, дај ми го Твоето смирение, да се всели во мене љубовта Твоја, и да живее во мене Твојот свет страв.
Тешко е да се живее без љубовта спрема Бога. На душата ѝ е темно и тесно. Но кога доаѓа љубовта, тогаш е невозможно да се опише радоста нејзина. (св.Силуан Атонски)
Лето Господово 2012