ЗА ДОНАЦИЈА ПО ПРЕДЛОГ ЗА УПАТУВАЊЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ОД КОНЗИЛИУМОТ НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА ПРИ КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ ВО СОСТАВ ОД ПРОФ. М. ВРЧАКОВСКИ, ПРОФ. М.ГРУНОВСКИ И ПРОФ. К.ЃОРЕСКИ
Јас Ѓорѓи Николовски, роден на 2.4. 1988 година во Скопје, имам потреба од итна хирушка интервенција која чини 50.850 евра. Поради немање на тие средства, Ве замолувам за Ваша помош да ми овозмо- жите да продолжам со мојот живот бидејќи имам само 23 години и ќе Ви бидам вечно благодарен. Вашето име ќе ми биде врежано во моето срце и вечно ќе се молам за Вас. Ве молам помогнете ми да ги соберам овие средства со онолку колку што сте во можност.
Се надевам дека оваа молба ќе допре до Вашето срце.
ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ.
Жиро с-ка за донација:
300001000022215
Депонент: Комерцијална банка
Телефон за донација:
070/143-133 (Т-мобиле)
077/143-133 (ВИП)
075/143-123 (Оне)
Конзилиумот на горенаведената клиника дава предлог за упатување на болничко лекување во странство од следниве причини:
1. Неможност да се спроведе соодветно лекување во здравствените установи во Република Македонија поради: немање на потребен материјал - пренасочувач на протокот на крв, стен интракранијален со погуста мрежа.
2. Постои индикација според итност: Интервенцијата за која се предлага пациентот да се упати на лекување во странство треба да се изврши ИТНО (10-15 дена и помалку ПОРАДИ ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТ). Поради прогресивни главоболки отпорни на медикаментозна терапија.
3. Дијагноза: Дисеканктна фузиформа аневризма на артерија церебри постериор лево во посткомуникантен сегмент.
4. Се упатува во: Интербалкан, Солун- Грција поради близината, бидејќ и постои опасност од подалечно патување или патување со авион.
Од предложеното упатување и лекување во странство се очекува да се постигне: Ремоделирање на артеријата која е заболена со обезбедување на проток на крв дистално и ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИНФАРКТ И КРВАРЕЊЕ.
Барател Ѓорѓи Николовски