Скопје, 7 декември 2011 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски Чудотворец
На 07.12.2011 година, со празнична Вечерна богослужба во Соборниот храм во Скопје, започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква, свети Климент Охридскиот Чудотворец. Во присуство на Архиепископот Oхридски и Македонски г. г. Стефан , Митрополитот Повардарски Агатангел, и бројното свештенство од Скопската епархија, на богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
Тропар на свети Климент Охридски чудотворец
Со зборови си ги упатил народите кои верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кои божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Кондак на светителот, глас 3:
Светителу, твојот храм е духовно лечилиште на оние што доаѓаат со вера; тој избавува од различни болести, а разните душевни страсти ги умртвува. Заради ова, себлажен, те одбележуваме како топол заштитник.
Preminportal
Лето Господово 2011
.