логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 01.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg


Во прекрасна празнична атмосфера и радосно расположение на неколкуте стотици битолчани во преполнетата сала на Битолскиот театар, вчера, на 4ти Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, беше одржана свечена прослава, на која Општина Битола ги додели Четвртоноемвриските награди и признанија. Највисоката награда - наградата за животно дело му припадна на нашиот старец, архимандрит Партениј, затоа што тој како духовен татко им помага на голем број млади луѓе, западнати во пороците на денешнината. Вадејќи ги од длабочините на погибелта, старец Партениј со огромна љубов и пожртвуваност повторно ги насочува младите души на Христовиот спасителен пат. Доделувањето на наградата беше проследено со долготрајно и громогласно ракоплескање од присустните, меѓу кои имаше и мноштво духовни чеда, кои љубовта ги поттикна да дојдат и да му искажат благодарност и почит на нивниот возљубен духовен татко. Израз на таа сеприсутна љубов беше мигот кога старецот беше буквално опсипан со  бројни цвеќиња и букети.
Историски чин е тоа што оваа престижна граѓанска награда на градот Битола за прв пат од нејзиното постоење се доделува на човек од клирот на МПЦ, со што на нашата Мајка Црква ù се оддава должното признание за нејзината благотворност во нашето општество.
Во своето резиме за тоа зошто наградата му се доделува токму на нашиот старец Советот на град Битола го напиша следново:
 Архимандрит Партениј Фидановски е роден на 29. 10. 1970 год., во Битола. Основното училиште го заврши во „О.У. Тодор Ангелевски“, средното образование го стекна во Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, Скопје, а потоа школувањето го продолжи на Теолошкиот факултет, исто така во Скопје, каде што подоцна и дипломира.
  Во периодот помеѓу 1990 – 1995 год., во неколку наврати ја посетил Света Гора, при што извесно време и живеел таму, како искушеник во манастирот „Григоријат“, каде што црпел од вековното духовно искуство на прекрасната православна традиција. Во 1995 год. тој доаѓа во манастирот посветен на св. Јован Крстител – Бигорски, каде што го посеа преизобилното семе на Светото Предание, стекнато во светогорските манастири. Така во 1995 год. отец Партениј најпрвин е замонашен во овој манастир, а потоа, на празникот посветен на св. Климент Охридски, истата година е ракоположен и за јеромонах. Во 1997 год. тој добива чин игумен, а во наредната год. е произведен во архимандрит. Заради неуморниот труд во поглед на духовната мисија за оцрковување на народот, на два пати е предложен за митрополит од страна на Светиот Синод на МПЦ, но грижата за своето братство и сестринство, како и љубовта кон Бигорскиот манастир го навела да ја одбие таа висока должност.
Огромна е неговата заложба во борбата против пороците на денешницата, од кои страдаат не само младите луѓе на Битола, туку и пошироко. Тие, не можејќи да се соочат со предизвиците на денешниот модерен свет, прибегнуваат кон еден имагинарен начин на живеење, препуштајќи се на дрогата, алкохолот, проституцијата и другите пороци, трпејќи, притоа, и страшни последици од нив. Воден од својата сострадална љубов кон секое човечко битие во неволја, о. Партениј ја прими на себе и веќе цели 11 год успешно ја исполнува тешката задача на лечење и духовно преобразување на бројни несреќни жртви на оваа современа епидемија, која секојдневно зема во своите канџи сè повеќе млади луѓе и ги фрла во прегратките на гревот и смртта. Со Божји благослов, како и со застапништвото на св. Јован Крстител, отец Партениј ги отвори вратите на својот манастир за сите тие отфрлени млади луѓе, отворајќи го притоа и своето срце за со татковска љубов и грижа да ги поткрепи, поучи, преобрази и упати кон вистинскиот пат, давајќи им сила и поддршка да се ослободат од ропството на погубните пороци. Голем е бројот на оние луѓе, кои со негова помош се спасиле од тој демонски начин на живот. Отецот со својата љубов ги преобразува во одговорни млади личности и лојални граѓани, ги упатува кон вистинскиот начин на живот, ги ресоцијализира, ги поттикнува на образование, работа, формирање на семејства, воопшто - ги приспособува во личности корисни за општеството. Денес, тие доста успешно се вклучени во општествено – културниот живот на град Битола и пошироко, се истакнуваат со својот пример и поттикнати од надежта, верата, љубовта и радоста, која ја добиваат во Бигорското светилиште, помагаат во спасувањето и исправување и на други животи.  

На многаја лета, возљубен наш старецу!

 08.jpg

09.jpg

11.jpg

12.jpg

17.jpg

20.jpg

21.jpg

 22.jpg

23.jpg

 24.jpg

Повеќе: http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=738

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная