Лос Ангелес - на празникот Успение на Пресвета Богородица
Во Калифорнија торзество по повод патрониот празник
Денес кога светата Црква го празнува Успението на Пресвета Богородица ние Македонците од Лос Ангелес го прославивме нашиот патронен празник. Мноштво народ, како втор Велигден, се собра во црквата посветана на Успението на Пресвета Богородица и со молитвено расположение придонесоа во убавината на Светата Литургија. Верниот народ се причести со животворното тело и крв Христова.
Веднаш по Светата Литургија се освети вода која народот ја понесе во своите домови. Кумот за оваа година Љупцо и Весна со семејството принесоа бескрвна жртва за нивно и здравје на сите присути. Истите го донираа и ручекот на кој присуствуваа повеке од 150 души. Нов кум за идната година е Николце Царовски. Господ сакаше во конкуренција од 12 души тој да биде идниот кум. По Литургијата свечено беше одкриена и спомен плоча која е сведок за постоењето на Македонскиот народ на овие простори. Плочата ја откри претседателот на црковната општина господин Мите Ристовски. Честитајки го празникот на сите, Мајката Божја нека не чува под нејзиниот покров во мир и љубов.
За Преминпортал од Лос Ангелес,
о.Ристо Ристовски