логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Си се преобразил на Гората, Христе Боже, Ти, Кој на учениците им ја покажа Твојата слава, колку што поднесуваа. Да ни засветли и нам, грешните, Твојата вечна светлина, по молитвите на Богородица, Подателу на светлина, Слава Ти“ (тропар на Преображение Христово).

 

На 19.08.2011 година, денот кога го прославуваме великиот празник на Преображението Христово, света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереј Војне Ристески, свештеник Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Многуброен верен народ го посети Богородичниот манастир, кој претходно подготвен со пост и молитва пристапи кон светиот Путир.

Според традицијата на светата православна Црква, на овој голем ден се осветува и новиот лозов плод, зашто како што Христос на Тавор се преобрази и ја покажа Својата Божествена слава, така и гроздовиот сок преку преобразувањето (ферментацијата) станува вино, а виното на светата Литургија преку благодатните енергии на Светиот Дух станува Крв Христова. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа која во целост ви ја пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква го прославува Преображението на нашиот Господ Исус Христос. И ние денеска со нашите духовни очи да се искачиме на Таворската планина, па со очите на верата да ги видиме апостолите Петар, Јаков и Јован како се искачуваат на врвот на планината заедно со Спасителот и таму ја гледаат Божјата слава во свештените минути на овој настан. Ова се случува пред крстните страдања и смртта на нашиот Спасител.

Сите ние знаеме дека Синот Божји доаѓа на нашата земја за вечно спасение на луѓето. Тој не се јавува во својата Божествена слава, бидејќи Неговата Божествена светлина би ги ослепила сите грешни луѓе. Тој доаѓа на земјата во слаба форма, покривајќи го своето Божество преку видот на човекот. Тука, пак, на гората Он се покажал во светлоста на Својата слава во која Он претстојува отсекогаш и во која ги воведува сите кои со својот земен живот ќе бидат достојни да ја гледаат.

На планината Тавор, апостолите заедно со Господа Исуса Христа Кој се преобразил, ги виделе и пророците Мојсеј и Илија. Мојсеј живеел 1600 години пред раѓањето на Христа, а пророкот Илија, пак, повеќе од 900 години пред Христа. Ова видување зборува дека овие пророци не се мртви, туку живи. Тие биле живи и тогаш кога ги виделе апостолите. Тие се живи и денеска, ќе бидат живи и во бесконечните векови, бидејќи нашиот Бог во Кого ние веруваме и според зборовите на Светото писмо: „Бог не е Бог на мртвите, туку Бог на живите“ (Мат. 22,32). Во Господа сите се живи. Апостолите јасно гледајќи ги пророците во овој извонреден миг на небесниот свет виделе во тоа јавување живо, односно вистинско подржување на зборовите на Господа Исуса Христа: „Кој верува во Мене има живот вечен“ (Јован 6,47).

Така, овој свештен настан што ние денеска го прославуваме ни ја открива тајната на вечноста во која веќе се преселени нашите предци, прадедовци, дедовци, татковци и каде ќе отиде секој еден од нас. Затоа, секој од нас додека е тука на земјава и додека му се дадени денови и години од Господа го започнува тој пат кон вечноста со земниот живот, зашто никогаш нема да умре ничија душа, ниту душата на оној кој верува, ниту, пак, душата на грешникот или на оној кој не верува. Ние сите ќе отидеме во вечен живот, но иако сите сакаме, нема сите да влезат во вечната слава. Во радоста на својот Господ ќе влезат само оние кои додека живеат на земјава ги исполнуваат законите и прописите што ги бара Светото писмо и нашата света Црква. Вечната радост е подготвена за оној кој се стреми кон Господа онака како детето што се приврзува за мајчините гради, за оној кој што го бара Господа и во мака и во радост и ги чувствува испружени рацете Божји со кои Он сите нè води кон Себе и за оној што сè на својот земен пат го гледа како промисла Божја.

За време на Преображението старозаветните пророци не само што се појавиле и го окружувале Господа Исуса Христа, туку и зборувале со Него. Додека, пак, апостолите слушнале и што зборувале. Се зборувало за крајот на Спасителот, односно за блиските страдања и распнувањето на крстот на Господа Исуса Христа. Тие се обидувале да проникнат во оваа тајна на крстните страдања, бидејќи навистина крстните страдања и смртта на Спасителот остануваат тајна. Тоа е тајната на љубовта Божја според која небесниот Отец го испраќа Својот Син за да ги земе врз Себе гревовите од сите нас, да пострада и да ја принесе искупителната жртва на Голгота со крст. Тоа е правосудието Божјо според кое Господ го осудува гревот, но и проштева на секој еден кој се кае за своите гревови во името на своите крстни страдања. Тоа е големата премудрост Божја според која Господ, преку страдањето на Својот Син, благоволил да им даде на луѓето право да влезат во вечен живот и да ги наследат сите нејзини благодети кои според зборовите Божји „се приготвени за оние кои Го сакаат“ (1Кор. 2,9).

Од сето ова можеме да заклучиме дека Господ Исус Христос на планината Тавор ни порачува дека ако сакаме да влеземе во таа слава што ни ја ветува како на Свои деца, а која што ние можеме да ја претчувствуваме уште додека сме на земјава, тогаш ние сме должни да ја преобразиме нашата душа за време на земниот живот. Ние сме должни да се обновуваме. Исто така, треба да работиме да го воспоставиме во себе првобитниот образ Божји преку покајанието на нашите гревови, а тоа значи да започнеме нов живот.

Преображението ни го напомнува долгот на преобразувањето на нашата душа, а особено на денешен ден силно одекнуваат зборовите на Господа Исуса Христа: „Бидете будни и молете се“ (Мат. 14,38). Господ вели да бидеме будни, а тоа значи да бидеме слични на стражари кои чуваат некое здание или важни луѓе од најразлични крадци или несакани гости. Тие постојано го обиколуваат зданието од сите страни и тоа не еднаш, чувајќи го од разни опасности или, пак, да не влезе некој во него.

Така и ние треба да чуваме стража пред сите влезови преку кои може гревот да се всели во нас. А тој ползува најразлични патишта и средства за да се вгнезди кај нас: преку гласот, преку ушите, преку устата, преку помислите и ако најде отворена можност тој се вгнездува во нашата душа и ние стануваме подложни на гревот и на грешен живот. Ние сме должни да бидеме стражари на нашето срце бидејќи гревот нè лишува од радоста да го чувствуваме во себе Господа и ни ја одзема способноста да ја претчувствуваме идната радост ветена од Спасителот.

Драги браќа и сестри, да Го измолиме Господа, Кој денеска се преобрази и ни ги покажа: Својата слава и светиот неракотворен духовен Ерусалим. Он да ги освети нашите души со Својата света секадеприсутност. Со Својата, пак Божествена благодат да ни помогне на нас грешните да го изодиме нашиот земен пат достојно и да го исполниме позивот на кој сме повикани и тоа за кое сме сите предназначени, односно да бидеме небесни граѓани на Горниот Ерусалим. Кога Господ ќе го пресече земниот живот на секој од нас, да ни се отворат, по милоста Божја, дверите на небесниот Ерусалим. Амин!

Митрополит Тимотеј

Преображение Христово
19.08.2011 година, ман. „Пресвета Богородица - Пречиста“ Кичево

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

06/07/2024 - вторник

Светата маченичка Христина; Преподобен Поликарп, игумен Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная