логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    
 

 
 
 
Енергетска самостојност?

            Деца, еднаш ви го претставив светоотечкото Предание дека всушност на гората Тавор се случува промена и преображение што се однесува пред сѐ на Апостолите, а не толку на Христос, бидејќи што може да Му се додаде на Оној во Кого пребива сета полнота на Божеството телесно?! (види Кол. 2, 9). Затоа, на овој благден, не го славиме пред сè преображението Господово, туку преображението на Апостолите, и, што е најважно, можноста за нашето преображение. Светите Апостоли се вонредно обдарени од Светиот Дух да можат да ја видат божествената светлина, а Богочовекот Христос само им го покажал тоа што го имал од моментот на воплотувањето. Толку се преобразиле и обожиле во тој момент, не само со душата туку и со телото, така што и со своите преобразени телесни очи можеле да Го видат Богочовекот Христос во Неговата несоздадена светлина. Го виделе Богочовекот таков каков што Он е и ги виделе логосите на битијата.

            Редовно созерцание, а не вонредно и привремено  (како што им се случило на тројцата Апостоли), според светите Отци, е возможно само на третиот степен од духовниот развој, на кој преку обожителната благодат, веќе лично усвоена, се гледа божествената несоздадена светлина со преобразените телесни очи – „Во твојата светлост ќе видиме светлина.“

            Како што спомнав, најзначајно нешто што ние добиваме како дар Божји е можноста за нашето преображение. Три вистини овој пат ќе ви предочам и нагласам, кои сакам да ви останат во сеќавање, од овој ден; и, дај Боже, да ги претворите во пракса, да останат освестен дел од вашето секојдневие:

            Прво, не треба да заборавиме дека ние не сме енергетски самостојни битија, ниту материјално ниту духовно, и дека нашето вистинско постоење зависи од друг енергетски Извор. А ние всушност, сосема погрешно, живееме како да сме енергетски самостојни битија. На пример: без молитва, без причест со Христос итн., итн...

            Второ, никогаш ние не можеме толку совршено да се подвизуваме колку што тоа може да ни го 'намести' Божјата промисла. Само Бог може да направи услови за подвиг во кој ќе се стекнеме со вистинско смирение, а од тука па натаму и со сите дарови Божји. Нашите подвизи се поврзани со малку суета, дури и кога се во послушание.

            И трето, не треба да ги потиснуваме страстите, туку да ги преобразуваме. Затоа што, потиснатите страсти во поволни за нив услови ќе се вратат назад со уште поголема сила и жестина, а очистените и преобразените ќе функционираат нормално и во најголеми искушенија. Ова е еден од клучните проблеми што, на пример, останува суштински нерешлив за модерната психотерапија.

            Да се вратиме на првото. Ние не сме енергетски самостојни битија. Ние сме како уред на батерија – додека таа трае функционираме, кога ќе ослаби паѓаме. На пример, како еден персонален компјутер. Или можеби е подобар примерот со светилката кога е во прашање нивото на нашиот духовен раст; на првиот – заради губење на благодатта, а на вториот – заради пречувствителноста. За нормално да функционираме, постојано треба да сме вклучени на енергетскиот Извор, Кој покрај тоа што ни дава енергија да постоиме како словесни битија, ни дава енергија (ако сакаме) и за благобитие, како и енергија за вечно благобитие. Се исклучиме ли од изворот – барем ние христијаните, престануваме духовно да функционираме. Духовно мртвило и духовна темница. Живи мртовци, луѓе без вистинска радост и смисла на животот.

            Нас нè интересира повеќе практичната отколку теолошката димензија на оваа вистина – како да ги препознаеме знаците дека ни следува исклучување? Наједноставно, секогаш кога со негодување ќе се прашаме: „Зошто е, Господи, ова вака или онака?“, или кога ќе почнеме да се жалостиме, нервираме или гневиме (освен против гревот и демонот) за нешто што не е по наша волја, треба да знаеме дека наскоро ќе бидеме потполно исклучени од Изворот. Исто така, ние не благодариме и не сме во послушание ако Бог (или духовниот отец) треба да ни објаснува кои се причините на послушанието и што или зошто Тој (тој) прави нешто вака или онака. Тоа е уште еден знак пред исклучување.

            Знакот што го опишав повеќе се однесува на делот од нашиот живот кој се нарекува неволен подвиг. Со него почнав затоа што, какви што сме горди и суетни, најчесто на спомнатиот начин Господ ни го чисти и преобразува срцето од страстите (или нè восовршува). Што се однесува до волевиот подвиг, знак дека ќе бидеме исклучени е, на пример прекинот на молитвеното правило. Ако, пак воопшто не извршуваме молитвено правило со метании, или пак не постиме, со сигурност да знаеме дека сме веќе исклучени. Гледате и сами колку првата вистина е поврзана со втората. 

            Значи, второ, никогаш ние не можеме толку совршено да се подвизуваме колку што тоа може да ни го 'намести' Божјата волја. Затоа (веќе сум говорел за ова), секоја лоша вест за нас или лошо случување или болест или неуспех и слично треба да ги примаме како дар Божји и најсрдечно и со доверба да Му благодариме на Бог. Тоа не значи дека треба да бидеме пасивни во нашиот духовен живот – напротив, но резултатот од нашиот труд треба смирено да го примаме. Тоа Отците го нарекуваат неволен подвиг, во смисла дека се случува без учество на нашата волја, односно дека ние не сме сакале тоа да се случи, но сепак со благодарност го примаме кога веќе се случило. Не ли заблагодариме – исклучени сме. Како што еднаш реков – преку неволните страдања да се надополни и она што недостасува до совршеното. За разлика од волевиот аскетско-исихастички подвиг, кој свесно и во послушание го преземаме.

            Господ е единствениот совршен лекар на нашите души и тела. Он единствен знае низ што сѐ ние треба да поминеме за да успее да го изделка својот лик на нас. Он единствен знае како да изгради спасителна личносна заедница со нас, заради нас. Нема поголемо или поинтересно или поисполнето постоење или поголема радост од тоа да Му го препуштиме и предадеме нашиот живот Нему, на Неговата света волја. Ако сме христијани, во ова треба да веруваме. Ако сме Христови, ова треба да го знаеме.

            И трето, не ли го восогласиме нашиот подвиг со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, со сигурност да знаеме, ние се наоѓаме во процес на потиснување на страстите, а не во процес на преобразување на страстите. Потоа ќе се чудиме кога потиснатите страсти во поволни за нив услови ќе се вратат назад со уште поголема сила и жестина. Другата опција е дека потиснатите страсти ќе се вратат во вид на некоја душевна или телесна болест. Во секој случај ќе се вратат.

            Со оглед на ваквиот избор на оние кои ни од што претходно постоечко во битие се приведени (односно кои не се енергетски самостојни), има назад? Назад – нема!

            Христијанскиот живот и подвиг не е гол индивидуален морализам, некакво просто воздржување и нечинење на грев. Тој е конкретно, аскетско-исихастичко-литургиско, живо учество во вистински живиот живот на вистински живиот Бог, во Црквата. Тој е единствено вистинско постоење во единствениот вистински Бог, Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух.

Митрополит Струмички Наум

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

06/07/2024 - вторник

Светата маченичка Христина; Преподобен Поликарп, игумен Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная