логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Vodoca.sinaksis.jpg
Проблемот на современото монаштво

„Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5, 48).

            Сведоци сме дека современиот монах, живеејќи во манастирски услови, има можност да избере помеѓу доброто и совршеното, и дека тој најчесто го избира доброто наместо совршеното. Тоа е неговата прва карактеристика, препознатливиот белег. Христијанинот во светот, живеејќи во световни услови, најчесто има можност да избере само помеѓу доброто и лошото. Ако тој го избере доброто, тогаш која е разликата помеѓу добриот христијанин и добриот монах? На ова прашање вие сакам да ми одговорите на крајот од оваа поука. Јас само ќе ви помогнам.

            Ако некој сака да биде совршен монах, знаеме добро дека таквиот најнапред треба да умре за светот, да постигне потполно туѓинување (она што сме го објаснувале како екстремно одрекување од светот), сѐ до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. За ова многу пати до сега сме говореле и пишувале. Своеволна комуникација со светот, пред добивањето на дарот на умносрдечната молитва, за монахот со сигурност значи задоволување на некоја страст, а токму страстите го држат срцето затворено за спомнатиот вид и квалитет на молитва. Дури и задоволството што го предизвикува комуникацијата со светот, иако извршена по послушание, е многу штетно од аспект на совршенството. Што вели Евангелието за монахот кој не умрел за светот: „Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод“ (Јован 6, 12). Замислете – останува само!? Овој збор „само“ бара уште цела една посебна беседа, но вие размислете сами што значи тоа.          

            И уште во Евангелието се вели: „ги знам делатa твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблувам од устата Своја“ (Откровение 3, 15-16). Оној што е лош монах, е студен; оној што го избрал доброто наместо совршеното, е млак; а совршениот е жежок. Добрите се млаки бидејќи мислат дека ништо лошо не прават, се држат формално за некакви правила и постепено го губат почетното покајание – без свест дека треба нешто да променат. Живеат живот без даровите на Светиот Дух – изблуени од устата Негова. Лошите многу повеќе имаат прилика да се покајат, затоа што барем знаат дека се лоши и имаат свест дека треба нешто да променат, како што Христос вели во Евангелието: „Вистина ви велам, дека митниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо“ (Матеј 21, 31).

                Јас само би го дообјаснил претходно кажаното со следниов дел од Евангелието: „Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази“ (Јован 15, 19). Се сеќавате како сум ви говорел за ова: Господ сè мудро устроил за наше спасение и духовно растење. На првиот степен од духовниот раст, чистењето на срцето од страстите, демонот има дозвола да нè нападне само од внатре преку помислите што ни ги предлага, а согласно страстите од коишто сме заробени. На вториот степен, просветлувањето на умот, демонот нема сила да нè нападне од внатре бидејќи срцето е доволно очистено од страстите (така што ние не сме дел од светот, или поинаку речено, под контрола на демонот); и за да го поттикне непреобразениот дел од нив, тој има дозвола да користи не само помисли туку и реално искушение преку луѓето, неговите слуги (кои се дел од светот т.е. под контрола на демонот).

            Значи, кој е тој „свет“ што нè мрази? Според светите Отци, тоа се демоните како и луѓето коишто, наоѓајќи се под нивна контрола, ја исполнуваат нивната волја. А кој не е дел од светот? Само кога сме во апсолутно (слепо, или, совршено) послушание на нашиот духовен отец, односно кога сме вистински на патот на очистувањето на нашето срце или кога веќе доволно сме го очистиле срцето од страстите и сме го добиле дарот на молитвата во срцето, ние престануваме да бидеме дел од светот. Апсолутното послушание е подвиг којшто е карактеристичен само за првиот степен од духовниот раст, а не и понатаму. Оние чие срце е заробено од страстите (и затоа не го знаат местото на срцето и го немаат дарот на умносрдечната молитва), а не се ни во послушание кон духовен отец, се сè уште дел од светот.

            Светот го гледа како добар монахот што го одбрал доброто наместо совршеното, го фали, го препознава своето – тоа е втора карактеристика на таквиот монах. Додека, пак, совршениот монах го гледа како луд, опрелестен, грешен, во најдобар случај чуден и несфатлив. Затоа, секогаш кога светот нè фали и вели дека сме добри, а ние сме уште на првиот степен од духовниот раст, да го искористиме тоа и да се потсетиме – дека сме ја утнале работата.

Вака отец Агатон го опиша современиот добар монах:

– Добриот монах не прави ништо лошо, се воздржува од грев, оди на служби, служи Литургија, пее на певница, го гради и го чува манастирот; прима посетители, ги советува; има мобилен телефон; има свој вебсајт; има фејсбук профил преку кој изложува лични информации, поуки од светите Отци, поставува духовна музика; преку интернет се интересира за актуелната состојба на Црквата, прима корисни информации за случувањата во светот, комуницира итн. Се занимава со сѐ и сешто освен со умносрдечната молитва.

Сестра Леонтија, пак, ни го објасни зборот „само“:

– Зборовите „ако зрното пченично што паднало на земја не умре, останува само; а ако умре, ќе донесе голем плод“, во Евангелието (Јован 12, 24), значат дека ако монахот не умре за светот (своите страсти), останува сам – вон вистинска заедница со Бог и вон заедница со останатите околу себе. Давање на плод е добивањето на дарот на умносрдечна молитва и остварувањето вистинска личносна заедница со Бог и со останатите околу себе, со своите ближни.

И, еве како сестра Анастасија одговори на моето прашање поставено на почетокот, за разликата помеѓу добриот христијанин и добриот монах:

– Монахот е повикан на совршенство. Што значи тоа? Тоа значи дека не е повикан како монах да го остварува само она што е ‘добро’ – особено според критериумите на светот, туку е повикан на евангелско совршенство – „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен“ (Матеј 5, 48). Луѓето во светот се повикани, ако ништо друго, барем да прават добро, односно да го остваруваат тоа на дело. Но, ако монахот го остварува само она добро како и луѓето во светот, која е разликата помеѓу некој кој тоа го живее во светот, и монахот кој живее во манастир? Тоа значи дека човекот во светот на некој начин го исполнил својот повик, а монахот – не, бидејќи тој се одѕвал на повикот за совршенство, а не го исполнил.

Не го кажувам ова за од манастир да си одите дома или, не дај Боже, дека нема да се спасите. Ви кажувам едноставно дека ќе се спасите само самите себе – „останува само“. Исто како и тие што живеат и чинат добро во светот.

Митрополит Струмички Наум


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная