“Денеска на првиот ден по изборот на нова влада се помолив за доброто на Македонија, за поголема благосостојба на граѓаните, подобра економија, подобри услови на живот, за повеќе здравје на сите нас, повеќе сила и мудрост за надминување на предизвиците, повеќе разум и почит помеѓу нас и носење на добри одлуки, бидејќи успехот секогаш се должи на добро донесени одлуки“, изјави премиерот Никола Груевски.
“Се надевам дека во овој мандат, со многу работа и труд, ќе ги постигнеме целите кои треба земјата да ја однесат на едно повисоко скалило, и граѓаните да го почувствуваат тоа, што е всушност и наша цел, евро атлантските интеграции, образованието, почитта меѓу етничките и верските заедници и сите други цели, како економскиот просперитет, борбата против криминалот, да се развијат во таков обем во каков што сите ние очекуваме и посакуваме“, изјави Груевски на првиот ден од функционирањето на новата влада./Л.Ј.
Извор : Канал 5
Фото: МИА