Долго време во Црквата немало посебен брачен обред. Црквата едноставно го признавала единството на сопружничкиот пар, и со примање на светите тајни бракот станувал христијански, т.е. стварен лик на Божествената љубов, единствена и бесмртна.
Кога во Црквата била разработена посебна служба за тајната на бракот, како нејзин пример послужи крштавањето. Кон тие што се венчаваат се обраќаат исто како и кон тие што се крштаваат. Тие ја исповедуваат својата вера и љубов кон Бога. Нив ги воведуваат во храмот во свечена поворка. Над нив се молат и ги благословуваат. Тие го слушаат словото Божјо. Нив ги венчаваат со венци на славата Божја како наследници на вечниот живот од Неговото Царство. И тие го завршуваат својот брак така како што се завршуваат и сите тајни: заедничко примање на Светата Причесна. (Томас Хопко)
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011