логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



            

 „Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам за да ја примам пак“ (Јован 10, 17). Еве, деца, уште една евангелска реченица која со својата смисла и сила и овој пат љубовно ја отвора нашата душа и нашето срце за нашиот Небесен Отец и која за некое време нѐ воздигнува над сѐ земно и минливо, и нѐ ослободува од грижата за нив. Истовремено овие Христови зборови предизвикуваат одредени прашања за кои нашиот разум бара одговор, а пред сѐ прашањето за нивното точно толкување и значење. Но, едно е вдахновението, а друго е сиромашноста на словото. Како и да е...

            На наемникот – не, но на секој синовски дух веднаш му пречи, и забележува, каква било причинско-последична димензија пројавена во односот со својот Отец. Затоа ли ме љуби Он, затоа што јас душата своја си ја полагам за Него или барем сум подготвен да го сторам тоа во секој момент? Инаку, не би ме љубел? Секако, тоа не е точно. Синот знае: Бог е љубов и просто – нѐ љуби. Одговорноста е секогаш наша, односно дали нашето срце е доволно подготвено и отворено да ја прими таа љубов во соодветна мера. Тоа е само наш подвиг. А Бог екстатично стои и чека на нашиот одговор, смирено. Тоа е точното толкување и значење на овие Христови зборови.

             И пак, какво било предвремено барање за теолошко, односно персонално-тријадолошко, објаснување на безусловната Божја љубов, повторно може да биде само одраз на причинско-последичното поимање на инаку совршениот личносен однос помеѓу Отецот и Синот и Светиот Дух, како и на односот помеѓу Отецот и нас, во разумот на наемникот. Познанието на Бог е просто својство на просветлениот ум. Не се стекнува со рационализирање на теолошки информации, туку со чистење на срцето од страстите. Да читаме прво и да слушаме она што е храна за срцето, за умот е лесно.

            Ако е ова толкувањето и значењето на Христовите зборови, тогаш се поставува следното егзистенционално прашање: Богочовекот Христос – видовме, но како јас својата душа си ја полагам за да ја примам пак? Односно, како тоа се случува на секој од степените од духовниот развој? Многу важно разграничување, за кое имаме говорено, а кое секогаш ја растрга маглата на безредието на неодредената и безлична духовност и повторно ни го разоткрива редот и хармонијата на православниот духовен живот.

            Најпрво да се потсетиме на други места од Светото Евангелие каде Богочовекот Христос на сличен начин, но со исто значење, ни говори за полагање на душата: „Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува“ (Матеј 10, 39); „Ако зрното пченично што паднало на земја не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод“ (Јован 12, 24). И светиот апостол Павле во своите посланиjа говори за истото: да го отфрлите од себе стариот човек според поранешното живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бог, според правда и светост во вистината (Ефес. 4, 22-24); Така и вие сметајте се мртви за гревот,и живи за Бог, во Христос Исус нашиот Господ (Рим. 6, 11); итн.

            Севкупниот подвиг на првиот степен од духовниот развој го чувствуваме како полагање на својата душа, или како одрекување од неа, или како умирање на стариот човек токму заради нашата заробеност или соодветна поистоветеност со нашите страсти кои, понекогаш, како диви ѕверови ги растргаат нашата душа со гревовни чувства и нашиот ум со гревовни помисли. Затоа првиот степен и го нарекуваме очистување на срцето од страстите – според задачата што ни претстои. Значи, полагање на својата душа за првиот степен би значело екстремно одрекување од светот, од своите страсти – со кои просто се идентификуваме, а повторното примање би значело добивање на дарот на умносрдечната молитва. Ако некој доаѓајќи во манастир очекува тоа да го постигне без труд и мака – и телесни и душевни, и ако средбата со нив го збунува, тој не знае што прави. Ако некој, без реален опит, рече дека тој подвиг денес е претежок и невозможен, таквиот е слуга на демоните.

            Ако веќе ги отфрламе овие две крајности, што ни остнува да направиме? Ни останува да го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме и оттука па понатаму сериозно и континуирано да се подвизуваме. Накратко речено: целосрдечно послушание и врзување за словото на духовниот отец, а не за самиот него. Само така опитно ќе познаеме дека Христовото бреме е всушност лесно и дека јаремот Негов е всушност благ. Бреме – затоа што ќе дознаеме дека тоа е сепак напорен подвиг. Лесно – затоа што ќе дознаеме дека имаме добиено благодат за тој подвиг. Јарем – затоа што ќе дознаеме дека сепак постои одреден духовен ред и одредени духовни правила кои треба да се почитуваат. Благ – затоа што ќе дознаеме дека токму самото почитување на редот и правилата ќе ни донесе посакуван резултат, даровите на Светиот и Благ Дух. 

            Се случува на некои од нас преку наводното барање на некаква правда и некакви права како и заради наводно извршување на послушанието да им се поткрадува всушност само исполнувањето на сопствените страсти. Сакате да ви покажам како? Еве, на пример, како некои од моите духовни чеда не ја разбраа поентата од мојата последна беседа: ја напишав главно за да сфатат како преку слободното однесување, во смисла на ситно и незабележливо задоволување на своите страсти надвор од послушанието, постепено и незабележливо остануваат без Божјата благодат и така обессилени стануваат лесен плен на непријателот, но некои од нив ја разбраа само како повик за почеста исповед, не знаејќи дека така ги поткрадува страста за блискоста со мене, односно страста за човечка утеха. Ова е само еден од разновидните примери. Не можеме така да се откажеме од светот. Или мислите дека јас не знам што има во вас и кој од каква страст боледува? Или не знам што е духовно раководство, а што исповед? Но, ова е цела една нова тема.

            Полагање на својата душа за вториот степен исто би значело екстремно одрекување од светот, од своите страсти, но сега во смисла на љубов и прошка за непријателите и колку што е можно повеќе молитвено престојување со умот во срцето, а повторното примање би значело добивање на дарот на непрестајната умносрдечна молитва. Со други зборови, задачата е иста. Ова е сѐ така, освен ако Црквата не го повика таквиот подвижник во делото на пастирската служба. Таквиот и самиот знае дека таа служба треба да заврши после некој разумен и нормален временски период за да го продолжи претходниот подвиг во својот изворен облик, освен ако во меѓувреме не настане прогон на Црквата каде што и во двата случаја целта на подвигот е иста – љубовта на Отецот.

 

На свети Леонтиј Ерусалимски      

  Митрополит Струмички Наум

27.05.2011 г., Водоча


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная