МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” – СКОПЈЕ, ОБЈАВУВА
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА РЕДОВНИ И ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ ВО I ГОДИНА
ВО АКАДЕМСКАТА 2011/2012 ГОДИНА
Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православ¬на вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна.
На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образо¬вание, но само со одобрение од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.
Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит.
Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, се¬лекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование.
На конкурсот кандидатите, во оригинал или заверен препис, ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување;
2. оригинални свидетелства за сите класови;
3. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно
образование);
4. свидетелство за свето крштение од храмот, каде што е крстен;
5. одобрение за студии од надлежниот епархиски архиереј;
6. лекарско уверение;
7. потврда за уплатени 1.000.00 денари на жиро-сметката на Факултетот, за студентски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
8. кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горе¬наведените документи, поднесуваат и потврда дека се во работен однос или дека се редовни студенти на некој друг факултет.
Кандидатите своите документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања при Факултетот, на 16 и 17 август 2011 година, за првиот уписен рок и на 1 и 2 септември 2011 година за вториот уписен рок.
Приемните испити се полагаат на 18 август за првиот уписен рок и на 5 септември 2011
година за вториот уписен рок.
Резултатите од приемниот испит ќе бидат објавени на 23 август за првиот уписен рок и на 7 септември 2011 година за вториот уписен рок
За оваа академска година ќе се примат 50 редовни и 50 вонредни кандидати.
При запишувањето кандидатите поднесуваат:
-индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
-Три фотографии (2 фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3);
-Потврда за уплатени 700 денари за студентски билтен и за библиотечен фонд, на жиро-сметката: 300000000352534 при Комерцијална банка А.Д. Скопје.
Конкурсот ќе биде објавен и на интернет страницата на Факултетот: http://www.pbf.edu.mk
ОД ДЕКАНАТОТ