логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




На 22.05.2011 година, денот кога го прославуваме Пренесувањето на моштите на  св. Николај Мирликиски (летен), беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ во с. Требеништа, Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на игумен Јосиф, свештениците Игор Никовски и Димче Азески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред започнувањето на Литургијата беше извршено преоблекување на престолот после речиси педесет години од осветувањето на храмот. Пред многубројниот верен народ кој дојде да го прослави великиот светител Николај, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме, а по завршувањето на Литургијата беше извршен и Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

 

 

 

 

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Христос воскресе!

Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света православна Црква прославува еден голем угодник Божји, свети Никола Мирликијскиот чудотворец. Денеска собрани во овој свет храм, ние преку песни го воспеваме и фалиме прекрасниот наш светител и брз помошник. На сите кои со вера, љубов и искрена молитва прибегнуваат кон него тој брзо им ја дава неговата помош. И многумина од нас што стоиме во храмот Божји, можат да си спомнат и да си кажат дека навистина свети Никола ни помогнал многупати. Ние не можеме да кажеме дека не добиваме одговор од Господа по молитвите на светите угодници кои ги почитуваме и ги повикуваме на помош.
 
Но, дали ние му благодариме на Господа? Дали размислуваме што е тоа света Црква или што е Евангелие или дека не  треба да се обвинуваме еден со друг и дека е потребно да се придржуваме до светите вистини и закони на Црквата, што ги бара од нас нашата вера и традиција која не се коси со вистинската вера. Но, честопати ние не постапуваме според тоа што го бара од нас нашата Црква, туку се обидуваме нашиот живот да си го уредиме според своето размислување и според личното убедување.
 
Дали не забораваме да му заблагодариме на Бога затоа што наутро стануваме здрави и прави и што сонцето ќе нè грее и денеска? Ние за тоа не се молиме! Ние се молиме само тогаш кога ни е лошо, кога нешто не бидува како ние што сакаме, кога ќе настапат маки, неволји, кога нашата работа се оспорува и не оди напред, кога имаме проблеми во семејството и на работното место итн. Тогаш ние се сеќаваме да му се обратиме на Бога на Мајката Божја, на светите Божји угодници и од нив бараме помош и застапништво за нашите страдања.
 
Но, ние никогаш не му велиме на Бога: „Господи, ние не ги исполнуваме твоите заповеди, ние не ја извршуваме послушноста на твоите молитви, ние живееме така како што сакаме самите“. Тоа значи дека ние живееме онака како што самите сме одлучиле да го живееме нашиот живот. Тогаш, пак, Господ си оди од нас, но кога ќе ни се случи некоја болка и некоја трагедија, тогаш едни се обраќаат кон Бога со молитва и бараат помош, а додека, пак, други велат: Каков е вашиот Бог кога допуштил зло? Но, да се запрашаме дали навистина Бог допуштил? Дали  ние со нашиот однос не го донесовме тоа зло на себе, на семејството, на општеството и не ја доведовме нашата лоша душевна состојба. Ако ние одиме секоја недела и секој празник во црква и ги водиме нашите деца во црква, дали ќе ни се случува тоа? Но, сега тие се далеку од Црквата и затоа честопати ќе слушнеме поплаки од родителите дека не се почитувани од своите деца. Но,  наместо себеси да се обвинат дека придонеле за таквата состојба, честопати ја бараат вината кај другата страна.
 
Свети Никола бил строг исполнител на заповедите Божји. И Господ го наградил за трпеливоста и за љубовта кон луѓето. Тој го соединил во себе и во неговиот живот Христовиот повик да го љубиме Бога и нашиот ближен како самите себе. Затоа и Бог го наградил со голем дар на светоста, прозорливоста и лекување на секакви болести. На многу луѓе, свети Никола како Христов служител бил, е и ќе биде помошник, молитвеник и застапник пред Бога.
 
Кога ние доаѓаме во храмот Божји и велиме дека го знаеме животот на свети Никола да се потсетиме на зборовите на еден светител кој вели: „Ние ќе можеме да речеме дека знаеме, само тогаш кога и самите живееме така како што знаеме за светителите“. Ако, пак, ние ништо од тоа не исполнуваме и не се трудиме, тоа значи дека ниту знаеме, ниту, пак, сакаме тоа да го правиме. На денешен ден сите ние да застанеме малку и да поразмислиме за нашиот живот кој брзо оди, за тоа како луѓето се изменуваат, односно како се напушта овој свет и дека останува само едно, а тоа е Вистината - Господ и светата Црква Христова.
 
Во долгата историја на Црквата Христова имало луѓе кои ги затвараа и разрушуваа црквите. Но каде се тие денес? Никој ниту ги спомнува ниту, пак, се сеќава на нив. А светата Црква стои, се возобновува и го прославува воскреснатиот Господ и нè повикува сите нас на покајание и на враќање на вистинскиот пат.
 
Создателот на Црквата се јавува како Вистина кон која ние сме должни да прибегнуваме во сите денови од нашиот живот. Затоа не е потребно само едноставно и просто да го посетуваме храмот и да постоиме малку во него, туку треба да доаѓаме во храмот како во училиште или како во лечилиште. Кога сме во храмот не е потребно само просто стоење, туку да се запрашаме каков е мојот живот и што ќе му кажам на Бога кога еден ден ќе излезам пред Него. Што ќе му речам и со што ќе пристапам? Со својот имот ли? Да, без имот не може да живее човек. Но, и во обработката на нашиот имот потребен е Божји благослов.
 
Секое наше доаѓање во храмот како вистински верници ние сме должни по нешто да научиме. Не е убаво бесполезно да се посетува храмот, туку секогаш треба да понесеме со себе по еден мал дел кој ќе ја зацврстува, утврдува и просветува нашата душа. Само тогаш милостивиот Господ ќе го види нашиот труд, нашето настојување, нашето тежнение, нашите желби и нашата борба со самите себе и ќе ни помогне да го носиме нашиот крст, кој Он ни го има дадено за наше спасение на душата.
 
Да се обратиме со искрена молитва кон свети Никола, тој со неговите молитви да ни помогне, да ни ја зацврсти нашата вера, да ни ја умножи љубовта, за да можеме вистински, онака како што милува Бог, да го живееме светото Евангелие и да добиеме милост од семилостивиот Господ и спасение на нашите души и тела. Амин!

   Митрополит Тимотеј

 

св. Николај Мирликиски (летен)
22.05.2011 година, с. Требеништа,Охрид

За Преминпортал:  ѓаконот Николче Ѓурѓиноски

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная