Црковното братство при храмот Св. Петка, Црниче, ги информира сите заинтересирани православни брачни парови кои склучиле државен брак, а не се венчани, без разлика на возраста, да се венчаат и со тоа да заживеат во благословен брак, бидејќи никогаш не е доцна да се зголеми љубовта преку Божјиот благослов помеѓу сопружниците како и љубовта помеѓу нив и нивните рожби.
Чинот на Венчавање, односно светата тајна Брак, ќе се изврши во 12 часот на 04.06.2011г. во храмот Рожденство на Пресвета Богородица на Средно Водно, ден по празникот на Св. цареви Константин и Елена кои се заштитници на православниот благословен брак. Преку самиот чин на Венчание сопружниците и нивните рожби го добиваат благословот и заштитата од овие славни рамноапостолни светители и токму затоа Ве покануваме на овој ден, Вашата брачна заедница да ја озаконите и пред Бога.
За сите нововенчани и нивните сведоци - кумот и старосватот, ќе се приреди свечен свадбен ручек во хотелот до црквата.
За сите подетални информации можете да се обратите во храмот св. Петка во Црниче, или пак на следниве тел. броеви:
02 3238-066
070 383-330
078 252-881
Архиерејски намесник:
протоереј - ставрофор Благоја Ацески