Прекрасно Велигденско празнување во Калифорнија-САД. Радоста на Воскресението Христово оваа година ја споделивме заедно со нашите гости кои ни дојдоа од Сиднеј-далечната Австралија. Ние како добри домаќини широко ги отворивме срцата за сите присутни, а како единствена Македонска православна црковна општина во Калифорнија ни беше задоволство да ги примиме и нашите браќа од Невада и од пограничниот град со Мексико-Сан Диего. Ја користиме приликава на вас во Преминпортал и на сите читатели како и на сите православни христијани да ви го честитаме празникот над празниците- Воскресението Христово и да ве поздравиме со најрадосниот поздрав Христос Воскресе. Мирот и љубовта Божја да бидат со сите нас.
За Преминпортал: отец Росто Ристовски