Скопје- храм на св.Петка
Песна 9
Ирмос:Немој да редиш за мене, Мајко, за Синот што Го зачна во утробата бессемено, зашто ќе воскреснам и ќе се прославам и, како Бог, со слава ќе ги вознесам оние што со вера и љубов те величаат.
Денес е во гробот Оној Кој на дланка ја држи сета твар. Камен го покрива Оној, Кој небесата ги покри со слава. Животот спие, пеколот се тресе, а Адам е ослободен од оковите. Слава на твоето благоустројување со кое сè си исполнил, дарувајќи ни ја вечната сабота, Твоето пресвето Воскресение од мртвите.
Утрена, Велика Сабота
Во храмот на св.Петка во н. Црниче, се отслужи Света Василиева Литургија со Вечерна богослужба. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011