Скопје- храм на св.Петка
Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата тајна вечера, зашто нема да ја кажам тајната на непријателите , ниту целив ќе ти дадам како Јуда, туку како разбојникот Те исповедам: Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое.
Песна 9
Дојдете, верни, да се насладиме од гостопримството Господово и од Неговата бесмртна трпеза во горната соба, издигнувајќи ги нашите срца, зашто Словото е присутно горе, како што се научивме од Словото, Кое што Го величаме.
21 Април-Велика Четврток.
На Велики Четврток во храмот на св.Петка во Скопје, се отслужи Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна.Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија се изврши Света Тајна Елеосвештение.
Преминпортал
Лето Господово 2011