Почитувани,
Се викам Иван Неделковски, имам 23 години и сум студент од Скопје. Неодамна ми беше дијагностицирана акутна миелобласна леукемија за чие лекување сум упатен во Универзитетската Клиника во Лајпциг, Германија.
Трошоците за медицинскиот зафат (пресадување на коскена срцевина) изнесуваат повеќе од 30 000 евра, сума која поради мојата финансиска состојба не сум во можност лично да ја обезбедам.
Со ова писмо сакам да ве замолам за помош во решавањето на мојот проблем. Од неодамна обезбедив телефонски број за донации од
Фондацијата на Т-Мобиле,
070/143-171,
преку кој со секое јавување се донираат 100 денари, и обезбедив
жиро-сметка
0006286943 број 92991 Стопанска Банка АД Скопје,
специјално за оваа намена.
Се надевам дека ќе излезете во пресрет на ова мое барање и ќе ми помогнете... при собирањето на потребните средства за операцијата која е од животна важност за мене.
Ви благодарам однапред.
Иван Неделковски