Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“,(Маркова Сушица), ноќта, петок кон сабота (8-9 април), на празникот на светата маченичка Матрона Солунска, и преподобен Пафнутиј, со почеток во 23:00 ч. ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Се покануваат сите православни христијански души на љубовно заедничарење со Бога.
Драги наши браќа и сестри, во овие денови на пост, благодарејќи Ѝ на Пресвета Троица за се, заедно да ги засилиме нашите молитви и да собереме сили за торжествено прославување на Воскресението Христово.
Лето Господово 2011