логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 

„Радувај се, крепок и трпелив собору и војско непобедлива, на благочестието столбови, воини Христови, тврди и непобедливи оружници, по ум пресилни и по душа најмажествени, вистински божествени; од Бога возљубен свет хору, богоизбран собору, четириесет маченици: еднакви по страдање, еднакви по нарав и еднакви венци примивте. Молете Го Христа, на душите наши да им дарува мир и милост голема.“

(хвалитни стихири од службата на светите маченици)

Прекрасен е и достоен за восхит примерот што ни го оставиле овие свети Христови воини. Иако во служба на земниот цар, тие не се откажаа од својот небесен Цар, и заради Него поднесоа страшни маки, претрпувајќи го студот на леденото езеро, во кое беа фрлени и примајќи од Него венци на слава во Царството Небесно. Нивното  житие оставило длабока трага во верата на нашиот православен народ, а нивниот свет спомен со голема ревност се слави кај нас сè до ден денес. Тоа особено се чувствува во славниот град Битола, каде култот кон овие Божји угодници, особено се негува и каде постои храм посветен токму на четириесетте севастиски маченици. Но, историјата на овој град и народното предание зборуваат и за уште една дружина од четириесет  храбри маченици - монаси, кои се удостоиле маченички да пострадаат за Христа во времето на освојувањето на градот од османлиите. Овие страдалници биле изведени од градот и поведени на својата Голгота, со молитва и псалмопеење искачувајќи се на височинката каде што биле погубени, токму на местото каде денес е издигнат храмот на севастиските маченици, а како единствена трага од тоа време и сведоштво за нивното страдање, останал каменот на којшто биле посечени, еден неделив дел од  сегашната црква.

 Битолскиот верен народ никогаш не ги заборави оние, кои, подобно на Христа, се предадоа на жртва заради верата во Неговото свето име. Каменот остана како симбол на силната вера на битолчани, кои и во мрачните времиња на комунизмот, како реки се слеваа на тоа место за да ги упатат своите молитви кон светите четириесетмина, и оние севастиските, но, и своите - битолските.

И денес, на денот посветен на светата севастиска дружина, глетката беше истата. И старите и младите, со еднаква љубов и почит, го врвеа патот до светиот храм, правејќи оваа прекрасна височинка од која градот се гледа како на дланка, да живне од топлите и усрдни молитви кои изобилно се излеваа од срцата на верните битолчани.

Водени од својата неизмерна почит кон светите маченици, решивме и ние да бидеме дел од тоа молитвено мнозинство, и вистински да ја почувствуваме големата благодат, која постојано се излева на ова место, сведочејќи за богоугодната жртва на светите четириесет битолски преподобномаченици. Божјата промисла нè удостои да учествуваме на празнична богослужба во чест на светите четириесет севастиски маченици и да Го славиме Бога, Кој ни дал вакви прекрасни примери во своите светии, по чии молитви и ние се спасуваме. Светите четириесет маченици ни се пример, за тоа како треба и ние денес да Го сведочиме Христа во нашиот живот, храбро подвизувајќи се со душата и телото против нашите гревови и страсти и знаејќи дека за тие привремени маки нè очекува венец во Царството небесно.

 

Повеќе: http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=587

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

18/07/2025 - петок

Св. Андреј, архиепископ Критски; Св. Марта; Преп. Андреј Рубљов ; Светото царско семејство Романови ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт  16 јули/3 јули / 2025

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 16 јули/3 јули / 2025

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2025

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2025

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная