ТЕТОВО - Жителите на Тетово преку самопридонес ќе градат нов православен храм посветен на македонските светители, како и на великомаченик Георгиј и преподобен Сисој Велики. Храмот ќе се гради на локација во непосредна близина на автобуската станица. Според првичните нецелосни процени, за изградбата ќе бидат потребни околу еден милион евра.
Ова се презентираните податоци од Иницијативниот одбор на вчерашната средба со новинарите. Архијерејскиот намесник прота ставрофор Мирко Станковски рече дека бил добиен благослов од МПЦ, а била постигната согласност и со локалната самоуправа во Тетово. Тој истакна дека идејата била прифатена и од граѓаните и од повеќе претпријатија и бизнисмени, кои изразиле подготвеност да учествуваат во финансирањето. (Г.Е.)
ИЗВОР:УТРИНСКИ ВЕСНИК
08.12. 2007 г.
Посети:{moshits}