Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот. Во деветтиот ден - затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето; а во четириесеттиот - затоа што се распаѓа и срцето. Така станува и при раѓањето на човекот: Во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се формира телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.
Поради тоа, Владико Христе, упокој ги душите на починатите раби Твои во места каде што почиваат душите на праведниците, а нас помилуј не, како Единствен Бесмртен. Амин.
Господи Исусе Христе, упокој ги душите на сите твои чеда упокоени, заборавените, упокоените без опело...
Вечен им спомен!