логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Денес, во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, по повод одбележувањето на патронот на Црквата – Свети Климент Охридски, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква: Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот струмички г. Наум, Митрополитот повардарски г. Агатангел, Митрополитот брегалнички г. Иларион, Митрополитот Горазд и Епископот хераклејски г. Климент. На Литургијата покрај многубројниот верен народ присуствуваа вицепремиерот Зоран Ставрески, членови на Владата и претставници на локалните власти и научно-образовните институции. 

 

naum.dositej.jpg


spomenij.dositej2.jpg

После Божествената Литургија, по повод патрониот празник Свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква пред соборниот храм во Скопје беше откриен и осветен споменик на архиепископот Доситеј, првиот поглавар на МПЦ. Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски.

spomenij.dositej.jpg

„Овие двајца архиепископи, Свети Климент и блаженоупокоениот Доситеј се личности за радост во МПЦ. Свети Климент е основоположникот на Охридската архиепископија, а блаженоупокоениот Доситеј е нејзин возобновител во МПЦ. За оние кои недоволно го познаваат ликот и делото на првиот поглавар на МПЦ и особено идните наши генерации овој споменик ќе им биде како отворена книга и постојана проповед за тоа кој бил архиепископот Доситеј и какво место му припаѓа во поновата историја на македонскиот народ“, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

spomenij.dositej1.jpg


БЕСЕДА

 Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски


Браќа архиереи и сослужители ,
господине Потпретседателе на Владата на Република Македонија,
господине градоначалник на Скопје,
господо академици,
почитувани почитувачи на свети Климента,
на Архиепископот Доситеј и на нашата света Црква,

Возљубени во Господа,
Она што неколку години беше желба – на возобновителот на Охридската Архиепископија и прв поглавар на Македонската православна црква, блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, да му подигнеме споменик како благодарност за неговото рамноапостолско дело, еве, денес е вистина.

Сезнајниот Господ, по молитвите на свети Климента, така благослови – на вчерашниот ден – 7 декември, на денот кога се наполнија 101 година од неговото телесно раѓање, да се постави неговиот споменик, со што најдобро ќе продолжи да живее и постојано ќе биде присутен неговиот спомен, преку прекрасно изработениот споменик, поставен овде - пред храмот на Свети Климента, чиј трон пред 40 години го возобнови токму тој – Архиепископот Доситеј.

Божјата Промисла сакаше, еве, и откривњето и благословувањето на споменикот да се случи токму на празникот на Свети Климент и во годината кога чествуваме четири децении возобновена автокефалност на нашата древна Охридска Архиепископија како Македонска православна црква.

Возљубени,
Овие двајцата архиепископи, свети Климент и блаженоупокоениот Доситеј, се личности за радост во Македонската православна црква. Свети Климент е основоположникот на Охридската Архиепископија, а блаженоупокоениот Доситеј е нејзин возобновител во Македонска православна црква. За оние кои недоволно го познаваат ликот и делото на првиот поглавар на МПЦ и, особено, идните наши генерации, овој споменик ќе им биде како отворена книга и постојана проповед за тоа кој бил архиепископот Доситеј и какво место му припаѓа во поновата историја на македонскиот народ.

За него е речено дека е “втор свети Климент” и “Мојсеј на нашето време”, за македонскиот народ и Црква. И навистина, во далечната 1958 година, кога на Вториот Црковно-народен собор во Охрид е избран за Поглавар на обновената Охридска Архиепископија, се исполнила желбата и на последниот архиепископ Арсениј и на сите кои го чувале споменот или се обидувале да ја возобноват неправедно укинатат древна Охридска столица. А со одлуката на Третиот црковно-народен собор од 1967 година, кога е возобновена и автокефалноста на Охридската Архиепископија – уште повеќе се сфатило значењето на родољубивиот подвиг што го направил епископот Доситеј, враќајќи се во Македонија за да му помогне на својот народ.

За оние кои не ги знаат биографските податоци на архиепископот Доситеј, треба да се знае дека е роден во Маврово 1906 година, дека се замонашил спроти Благовештение во 1924 во манастиот “Света Пречиста” – Кичевско, дека завршил Битолска богословија во 1937 година и Богословски Факултет во Белград 1942 година, од 1946-та бил поставен за управник на Патријаршискиот двор во Сремски Карловци, а во мај 1951 година бил избран за епископ и на 22 јуни хиротонисан за викарен епископ на Српскиот Патријарх... Во октомври 1958 година, на Црковно-народниот собор во Охрид, бил избран за Поглавар и возобновител на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква. Оттогаш, па с# до упокојувањето на 20 мај 1981 година, раководел со Македонската православна црква. Под неговото раководство се оформил Светиот архиерејски синод, се организирала Црквата, се зголемиле епархиите, се отвориле Богословијата и Богословскиот факултет. Со еден збор, целосно се возобновил животот на нашата света Црква.

Возљубени,
На овој ден и од ова место, од името на Македонската православна црква, сакам да му заблагодарам на г. Трифун Костовски, градоначалник на Скопје, кој ја донираше изработката на овој споменик. Тој е ктитор – возобновител на “Света Богородица”, старата катедрална црква на Скопје, која е во завршна фаза, дарител на возобновениот јужен конак во Бигорскиот манастир и помагач на многу цркви и манастири, а еве, и ова дело целосно е негово дарение, за што најсрдечно му благодариме.
Исто така, благодарност искажуваме и кон академикот Томе Серафимовски, нашиот врвен скулптор, чии вредни раце го изработија овој споменик. Почитуваниот академик, чии дела, како што се спомениците на свети Кирил и Методиј и свети Климент Охридски на плоштадот во Охрид, споменикот на свети Кирили и Метоиј пред Светосавскиот храм во Белград, споменикот на мајка Тереза во Скопје и Нинберг, иконостасот на црквата “Свети апостол Тома” во Зубовце и многу други, со ретка љубов и внимание му пријде при изработката и на ова дело и со исклучителна прецизност до детали ги изработи потребните специфики на ликот на архиепископот Доситеј.

Му благодариме и на господинот Таип Муратовиќ кој го даруваше гранитот за постаментот. Ви благодариме и на сите вас што дојдовте заедно да го чествуваме патрониот празник и откривањето на овој импозантен споменик на архиепископот Доситеј.
Нека му е вечен споменот на првиот Поглавар на Македонската православна црква и дај Боже достојно да продолжиме по неговиот и Светиклиментов пат. Амин!

 

{moshits}

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

19/07/2024 - петок

+Преподобен Сисој Велики; Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други; Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Светата маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная