На празникот Богојавление во Марковиот манастир св. вмч. Димитриј Солунски празнувањето започна со Божествена Литургија. Како и на секоја служба ова празнување го разубавуваа милозвучните гласови на хорот при манстирот. Откако верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови се изврши чинот на Голем водосвет, а потоа сите присутни се упатија кон Марковата река каде се осветија нејзините води и се фрли Чесниот крст. На овој начин присутните достојно го прославија Христовото Крштение и од срце Му се заблогодарија на Бога за Неговото јавување.
Бог се јави!
За Преминпортал:
Петар Георгиевски