ПОНЕДЕЛНИК (32.)
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? (Јак. 2, 14). Патот до верата е покајанието. А при покајание што треба да се зборува? „Грешев, но нема да грешам повеќе. Нема повеќе да грешам, туку ќе живеам според заповедите“. Како што со стекнувањето на вера не престанува покајанието, туку ја следи до крај, така и решението да се живее според заповедите, останува на сила и при вера. Зошто оној кој што верува, доколку на верата и пришол по вистински пат т.е. по патот на покајанието, станува ревносен во исполнувањето на заповедите и во вршењето на добри дела? Па верата му дава силни побуди: таа му дава и благодатна сила преку Светите Тајни. Така верата содејствува со делата (Јак. 2, 22). Повторно, и делата ја усовршуваат верата. Затоа што додека некој во дело не го спроведе она во што поверувал, дотогаш верата како да не е вера. Таа станува очигледна само на дело. И не само очигледна туку станува и посилна. Делата дејствуваат повратно на верата и ја зацврстуваат.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.
foto:http://www.photographyblogger.net/wp-content/uploads/2010/08/birds19.jpg