логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

sv.gorgi.knezino.jpgДа го вратиме достоинството на Кнегињата Кита!


Манастирот „Св. Ѓорѓи" се наоѓа на 5 км. од Кичево во планински предел.
Пронајдовме: - под од мозаик, фрески од најпрочуените Михаил и Ефтихиј, украсен ѕид од конак (единствен во Македонија), гробот со телото на Кнегињата Кита и скапоцен прстен на раката.


Во манастирот, има, 3 свети и чудотворни води, од кои многумина и ден денес наоѓаат лек за разни болести. Првата е посветена на Преполовение, втората на света Недела, а третата на света Петка.

 Од годинава, започна обновување на монашкиот живот во манастирот. Во изградба е нов конак и нова црква посветена на свети Горѓи. Господ Ви дал многу. Можеби, сега е моментот, кога треба да Му заблагодарите и да помогнете во изградбата на овој Негов дом.
Со посета и даренија на манастирот, имињата на Вашите семејства, Бог, ќе ги запише во Книгата на вечниот живот.


Манастир „Св. Ѓорѓи - Кнежино" - Кичево
тел.: 045/ 262-500 и 071/ 501-048
ж-ска: 200001514234012 - Стопанска Банка
девизна ж-ска: ID бр. 1954901
донаторски броеви: 070/143-403 и 075/143-222
(со секое вртење донирате 100 денари)


 

КРАТКО ЖИТИЕ НА СВЕТИ ЃОРЃИ

Светиот великомаченик Ѓорѓи, бил син на богати и благочестиви христијани. Кога пораснал, отишол во војска, каде достигнал висок чин во службата.
Царот Диоклецијан, почнал страшно гонење против христијаните. Ѓорѓи, излегол пред него и исповедал дека е христијанин. Царот го фрлил во самица и наредил нозете да му се стават во жар, а на градите тежок камен. Потоа, го врзале на тркало под кое имало штици со големи клинци, па го вртеле додека цело тело не му станало како една крвава рана. Раскрвавеното тело го закопале во ров и го оставиле 3 дена. Му дал да пие и отров, но Бог, по секое мачење го лекувал.
Свети Ѓорѓи, воскреснал еден мртовец, по што многумина ја примиле верата Христова. Меѓу нив биле: жената на царот Диоклецијан - Александра, главниот гатач Атанасиј, земјоделецот Гликериј и други.
Најпосле, царот, го осудил Свети Ѓорѓи и својата жена, да ги пресечат со меч. Блажената Александра се упокоила на губилиштето пред да биде исечена, а Свети Ѓорѓи бил обезглавен во 303 година.
Чудата, што се случуваат на гробот на светителот, немаат број. Им нема број и на неговите јавувања во сон и на јаве на многумина кои ја бараат неговата помош.
Господ му дал сила и власт, да им помага на болните и на тие што се во невоља. Заради тоа, свети Ѓорѓи го чествуваат сите луѓе, а не само христијаните.
Се празнува на 06 мај и на 16 ноември.

Посети: {moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

01/07/2024 - четврток

Преподобна Макрина;преп.Диј Антиохиски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Бог се спротивставува на горделивите,о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,исцелувајќи ја душата и болестите телесни,

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная