Виндзор, Канада – Во неделата, на 19 декември 2010 година, Македонската православна црковна заедница Свети Никола од Виндзор свечено го одбележа својот храмовен празник посветен на Свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначелствуваше Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников. Отец Мустеников беседаше за животот и делото на овој најголем и најпочитуван христијански светител.
По светата Литургијата беше осветен празничниот леб принесен од овогодишните кумови на црквата, фамилијата на Иљо и Алисон Вартокопли, а кумови за наредната година се Менде и Елизабета Талески .
Радосна беше глетката за присуството на мноштвото парохјани, и видливото беше присуството на децата кои “имитацијата на Свети Никола - Дедо Мраз” ги израдува со пригодни поклони.
Потоа беше приредена заедничка посна братска трепеза.
Свети Оче Николае, моли го Господ за нас.
Информира: Г. С.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.com.mk/images/sv.nikola10