логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Наместо коментар на посетата на делегацијата од Ватикан на Истанбул (01.12.2007)


Според светите Отци незнаењето е најголемо зло. Затоа, потребно е и нужно за секој православен христијанин меѓу другото да знае и да прави разлика помеѓу душевност и духовност како и помеѓу интелектуалност и просветленост.

Душевниот човек може да биде пречувствителен или бесчуствителен, односно може да се најде каде било во целата лепеза на состојби помеѓу овие две крајности. Душевниот човек може да биде разумен, интелектуален или неразумен, глупав, односно може да се најде каде било во целата лепеза на состојби помеѓу овие две крајности. Постојат и огромен број на комбинации во рамките на душевноста, помеѓу разните степени на чувствителност со разните степени на разумност. На пример, може да е некој интелектуалец, а да е бесчувствителен (една од најлошите комбинации). Сето ова што го говориме важи до границите на менталната непореметеност. Духовниот човек е секогаш и просветлен и е своевиден интелектуалец, а најдобро би било за Црквата кога би бил и високо образован. Духовниот човек е и просветлено чувствителен. Душевноста и интелектуалноста се плод на телото, а духовноста и просветленоста се плод на Духот. Како што читаме во Светото Евангелие: „роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е“ (Јован 3, 6).

            Но каде е границата помеѓу душевноста и духовноста, односно помеѓу интелектуалноста и просветленоста? Според светите Отци, преминот помеѓу едното и другото се случува во моментот кога срцето на човекот доволно ќе се очисти од страстите, кога од срцето на човекот ќе се пројави Божествената благодат на Крштението, кога Бог на човекот ќе му го открие ‘местото на срцето’ и кога ќе му го дарува дарот на умносрдечната молитва. Ова се сѐ карактеристики на вториот степен од духовниот раст, кој светите Отци вообичаено го нарекуваат просветленост на умот. Овие дарови не му се познати на оној кој се наоѓа на првиот степен од духовниот развој, кој светите Отци го нарекле чистење на срцето од страстите. Таквиот човек е сѐуште претежно душевен.

Светите Отци не направиле и не систематизирале една табела, еден преглед на односите помеѓу духовните состојби и на од нив произлезените духовни појави. Но секој кој сака да ја открие таа табела, може лесно да го направи тоа, анализирајќи ги нивните дела. Основната поделба на степените на духовен развој ја наоѓаме кај многумина од Отците, иако можат да им се дадат различни имиња. Свети Никита Ститат, на пример, вели дека постојат три степени во напредувањето кон совршенството: ‘почетна состојба на очистување’, ‘преодна состојба на просветлување’, ‘мистична состојба на совршенство’. Во теологијата на свети Максим Исповедник овие три степени се претставени како ‘практична философија’ (негативно и позитивно очистување), ‘природно созерцание’ (просветлување на умот) и ‘мистично богословие’ (обожение).

Ќе се согласите сите со мене дека на секоја од овие три состојби на духовен развој сигурно им одговараат различен вид на молитва, различен вид на искушенија, различен вид на однос со духовниот отец, различен вид на сведочење на Христос, различен вид, на пример на организација на монашкиот живот итн. Не е можно иста молитва да имаат тој што е на првиот степен и тој што е на вториот степен од духовниот развој. Едниот има само усна или умна, а другиот има и умносрдечна итн. Впрочем, за сето ова светите Оци пишуваат.

Што се случува кога човекот ќе премине од првиот на вториот степен? Кога човекот ќе го доживее овој премин, тој од претежно душевен станува претежно духовен; од претежно интелектуален станува претежно просветлен; од претежно самољубив станува претежно богољубив и човекољубив (богочовекољубив – што би рекол блажениот Отец Јустин Поповиќ). Неговиот подвиг од претежно аскетски станува претежно благодатен. И сето ова го говориме за оние што се подвизуваат во знаење...

Зошто го користиме зборот ‘претежно’? Затоа што на степенот од просветлување срцето е само доволно очистено од страстите, но не и целосно, не совршено. На подвижникот од вториот степен уште многу напор и борба му претстојат и со себе и со духовите на злобата од поднебесјето во подвигот на љубовта и кон непријателите и во подвигот на нерасеаното повеќечасовно задржување на својот ум внатре во срцето. На првиот пак степен од духовниот развој (чистење на срцето од страстите) одлуките и постапките на човекот се случуваат претежно под влијание на мислите и помислите произлезени од повредената суета и неостварените желби односно произлезени од борбата за човечка власт и слава и од борбата за остварување на овоземните желби; одлуки и постапки произлезени од паднатата природа. На првиот степен човекот е заробен од страстите (пред сѐ од гордоста, славољубието, суетата, високото мислење за самиот себе и сл.) затоа и срцето не му е отворено и токму затоа го нема дарот на молитвата во срцето; и токму затоа е претежно душевен.

Јасно е сега зошто често го нагласувам подвигот на апсолутното послушание, подвигот на апсолутна послушност на нашиот ум на духовното раководство од нашиот духовен Отец. Исцелението на расеаниот и затемнет ум започнува од моментот кога преку апсолутното послушание ќе престане да се храни неговата страст - гордоста. Ако и после изборот на духовен Отец и соодветниот однос со него, нашиот ум остане критериум за сите наши мисли, чувства, одлуки и постапки, тогаш што сме направиле? Надвор сме од процесот на исцеление и очистување. Сме останале дел од светот и светот останал дел од нас, односно светот владее внатре во нас. Ова особено важи за оние кои преку монашкиот или свештеничкиот чин стигнуваат, со Божјо допуштање до највисоките функции на Црквата. Божја волја е: чистење на срцето – ѓаконски чин; просветлување на умот – презвитерски чин; обожение на душата и телото – епископски чин. И што правиме сега кога сите ќе се пронајдеме во Божјото допуштање, а не во Божјата волја? Ве молам, барем малку да се освестиме, барем малку да се смириме. Да ја освестиме нашата проблематична ‘духовна состојба’, производ на нашата падната природа. И да се покаеме, преумиме... односно да бидеме послушни на нашиот духовен отец. Господи помилуј...!

Затоа, после не треба да се чудиме кога првенството на чест го доживуваме како првенство на власт; кога наместо како мајка Црква се однесуваме како маќеа Црква; кога од позиција на координативен центар за единство произведуваме расколи; кога многу повеќе сакаме да се среќаваме со моќниците и богатите од овој свет отколку со нашиот брат во Христос; кога нашиот брат во Христос го гледаме како непријател, а моќникот од овој свет, макар и еретик, го нарекуваме возљубен брат во Христос; кога некого го влече и славата на Александар и чувството на етничка припадност; кога некој се прави и Грк и Македонец, истовремено; кога некој се растрга помеѓу античките богови и Единиот Вистински Бог; кога некој го остава природното општење  со жена и се распалува со сладострасност спрема маж итн. Господи сочувај ја устата моја...!

Значи, деца, сето тоа се случува кога ќе се помеша душевноста со духовноста и интелектуалноста со просветленоста, а патот е тесен... Сето тоа се случува кога нашата душевност и интелектуалност ќе ја поставиме како критериум на духовниот живот, како идол... Само послушанието е заштита од ова зло. Господ да нѐ чува сите!

 

ај... сестра Макрина

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная