логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Зашто, ви велам дека многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат она што слушате вие, и не чуја“ (Лука 10, 24). Што е тоа што сакаа да видат, и не видоа, и да чујат, а не чуја светите Пророци? Воплотениот Бог, Богочовекот Исус Христос, Христовиот Домострој на спасението и последиците од него, присутноста на Царството Небесно сега и овде.

Слушнавме во денешниот апостол каков беше распоредот на Старозаветниот храм: како да изгледа скинијата, каде да бидат светилникот, трпезата и лебовото предложение, сè согласно наредбите за богослужење и земно светилиште (Eвр. 9, 1-2). И денешното осветување на светиот престол е своевиден остаток од Стариот Завет. Овие надворешни форми и правила инаку не се превосходни во Новиот Завет и, уште, ние не смееме од нив да правиме идоли. А идоли правиме кога мислиме дека тоа е нешто најважно, поважно од човекот, и дека е тоа сѐ што Господ ни дал. И од себеси правиме идол кога престануваме духовно да растеме, кога отпаѓаме од покајанието; односно, кога се задоволуваме со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, а не сфаќаме дека од тој момент па натаму сѐ е само пад. Во духовниот живот нема стоење во место, нема status quo, има само растење или паѓање.

Стариот Завет е очистување. Новиот е просветлување. Царството Небесно е обожение. Стариот Завет е само сенка. Новиот е икона. Царството Небесно е вистина. Стариот Завет е педагог кон Новиот. А Новиот е мистагог (тајноводач) кон Есхатонот, кон Царството Небесно. Секое наше запирање пред целта е опасност која води кон идолопоклонство.

Значи, не треба да останеме во Стариот Завет. Сето ова што го гледаме е многу добро и потребно, и црква и престол, и осветување итн., но тоа е само педагогија, тоа е нешто што во духовна смисла го заокружува само првиот степен. Затоа во првата Црква Христова, во Црквата на светите маченици, нема ништо од сето тоа. Вториот степен од духовниот раст бара тој престол да е внатре во нашето срце, таа служба да се пресели во нашето срце. Не рековме дека Литургијата не е значајна – таа е толку значајна што без неа не се може – но неа требаше да ја совршуваме пред сѐ во нашето срце за потоа, кога ќе ја служиме пред црковниот престол во црквата, лично да учествуваме во нејзините универзални, космички или соборни димензии; кога таа опфаќа сѐ, кога таа спасува сѐ.

Значи, да не останеме на првиот степен од духовниот раст, кој е уште очистување; затоа што Стариот Завет бил даден за очистување – сѐ до појавувањето на Пресвета Богородица и Христовото раѓање. Тој е време и место каде што преовладувал  законот: „око за око, заб за заб“. Кога Апостолите во една прилика помислија да казнат некое село кое не ги примало, Го прашаа Христос: „Господи, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?” Он се сврте кон нив, ги искара и рече: „Вие не знаете од каков Дух сте“ (Лука 9, 54-55).

Не смееме да живееме во тој старозаветен дух, на враќање со зло на злото; и не смееме, со нашиот погрешен однос, да правиме идоли од цркви, од икони, од свети места и предмети, како и од чинови, од позиции и од самите себе. Треба да го напуштаме полека Стариот Завет, и да растеме духовно, да ја живееме полнотата на радоста и полнотата на слободата на Новиот Завет, на Царството Небесно присутно сега и овде, на тајната дека тоа уште не е дојдено и дека веќе е, на љубовта и молитвата за сите луѓе.

 

       Митрополит Струмички Наум

(според записот на монасите)

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

27/01/2026 - вторник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св.. Илариј, епископ Поатиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци  27 јануари/14 јануари  2026

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци 27 јануари/14 јануари 2026

Безводната пустина стана извор благодатенод вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,бања за искупување и семе за нови христијанипослужи крвта...

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски  26 јануари/13 јануари  2026

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски 26 јануари/13 јануари 2026

Радувај се народе за кого пред ГосподаЈаков свети се моли, подвижникот Христов,скротувачот на пустината,со Божја благодат телото го смири,епископ милостив...

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная