логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Изложба на икони со ликот на Свети Наум Охридски-Чудотворец по повод 1.100-годишнината од неговото упокојување

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Охрид, 3 октомври 2010 – Во катедралната црква "Св. Софија" во Охрид по повод 1100- годишнината од упокојувањето на св. Наум за прв пат пред јавноста беа презентирани триесетина икони со ликот на св. Наум Охридски- Чудотворец.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Светото дело и духовниот подвиг на Свети Наум Охридски-Чудотворец и денес после 1.100 години од неговата смрт зрачат и остануваат да бидат предизвик и пример за следба во монаштвото и мисионерството, во книжевноста и просветата, но и во богољубието и човекољубието, истакна денеска Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, на отварањето на изложбата на икони со ликот на Свети Наум Охридски во катедралната црква „Света Софија “во Охрид.

Архиепископот Стефан појасни дека изложбата на икони со ликот на Свети Наум во иконописот на просторот на Дебарско-кичевската еперхија од 18 и 19 век е дел од свеченостите предвидени во рамките на МПЦ за одбележување на годишнианта од блаженото упокојување на светецот.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

На изложбата организирана од епархијата и МПЦ, се претставени треиесетина икони со ликот на Свети Наум од 18 и 19 век од охридско-струшкиот регион. Поглаварот на МПЦ изрази надеж дека во некоја наредна прилика ќе биде претставена изложба и на икони со ликот на Свети Наум не само од овој крај оттаму што, како што рече, за светителот се знае многу пошироко.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

- Во оваа прилика треба да се истакне дека Свети Наум е сигурно светител со најраспростраен култ меѓу седмочислениците. Неговиот култ, покрај во охридско-преспанскиот е присутен и во битолско-прилепскиот крај, како и во Корча и Москополе, во Костур и Берат и на север дури до Влашко и Балатон, истакна поглаварот Стефан,  нагласувајќи дека тоа е само потврда дека светителите немаат граници, односно дека нивните ликови одат дотаму до каде ги носат побожните души и срца.

Зборувајќи за важноста за иконата и нејзиното место и значење во животот на православната црква и православните христијани, архиепископот Стефан појасни дека иконата претставува визуелно соопштување на божествената стварност, односно претставување на небесното во сферата на земното и е едно од средствата за постигнување на целта на спасението.

- Кога сме во Охрид, не смее да се заборави дека овој град покрај епископско седиште, бил и град крстосница низ кој минувал главниот и најкратскиот пат што ги поврзувал истокот и западот, познатата Виа Игнација. Охридската архиепископија, со својата вонредна географска положба, брзо доаѓала до квалитетни и успешни дела во иконограгфијата и фрескоживописот, за што сведочат старите охридски икони, рече г. Стефан. 

Dorotea.sv.Teodot.jpg 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Изложбата содржи триесетина икони од 18 и 19 век од охридско-струшкиот регион

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Во рамките на манифестациите за одбележување на годишнината од смртта на големиот светител, беше промовирана и книгата „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ на историчарот на уметност, Сашо Цветковски.  Промотори на книгата беа академик Цветан Грозданов (неговиот говор беше прочитан) и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Митрополит Дебарско -кичевски г. Тимотеј-

„...Ми причинува особена чест и задоволство што можам да проговорам како архиереј на Македонската православна црква, поконкретно на Дебарско-кичевската епархија со седиште во древниот Охрид, за една извонредно значајна книга насловена „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ од д-р Сашо Цветковски. Книгата е составена од дванаесет поглавја, кои го обработуваат живописот на двајцата најпознати македонски уметници во 19 и почеток на 20 век. Книгата содржи предговор од самиот автор, како и од академик Цветан Грозданов. Авторот ја приредува оваа значајна книга за македонската културна јавност во годината во која славиме два големи јубилеи на авторите и тоа 190 години од раѓањето на Дичо Зограф и 170 години од раѓањето на неговиот син Аврам. Подобро одбележување на овие јубилеи авторот и не можел ниту да замисли и да оствари, трудољубиво собирајќи ги, со големо чувство за естетика и знаење на вредноста, иконите и фреските од овие наши еминентни зографи.

Академикот Грозданов препорачувајќи ја оваа книга во својот предговор со право ја нарекува книга на откривања, бидејќи авторот не жалел труд и време да ги посети  најоддалечените и запоставени селски цркви во Малесија, во Дримкол, во Кичевија и истите на негов својствен научен начин соодветно да ги презентира во оваа книга. Како вистински и сериозен научник, го следи и го открива делото на Дичо Зограф и Аврам Дичов и на Косово и Метохија, особено во најзначајниот споменик на културата во Србија, како што е Пеќската Патријаршија, каде повеќе од седумдесет години било сокривано, а веруваме дека тоа е намерно, од страна на историчарите на уметноста од Србија. Но, д-р Сашо Цветкоски од една популарна брошура, каде само попатно ќе се спомнат зографи од Охридската Архиепископија, ќе биде инспириран на дополнителен подвиг: да направи ново откритие за дејноста на Дичо Зограф во споменатата патријаршија. Покрај Косово и Врањско-прешевска Долина,  каде што ги евидентира работите на овие зографи, тој ги открива и во соседна Албанија, како и во Република Бугарија.

Што се однесува, пак, до ликовното обликување на книгата можеме да искажеме само пофалби, бидејќи истата е отпечатена на убава хартија, со читок печат, со убав фонт, лесен за читање, кој не замара и со научна апаратура.

Книгата содржи извонредни фотографии во црно-бела техника, како и еден авторски табак, односно шеснаесет страници во колор техника.“

Dorotea.sv.Teodot.jpg

  Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg


 Авторот Сашо Цветкоски го оцени своето дело "Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов",- како  "Поглавјето на 19 век кое се отвора сега, преку оваа книга".

Dorotea.sv.Teodot.jpg

. Книгата е составена од 12 поглавја кои го обработуваат живописот на двајцата најпознати уметници во 19 и почетокот на 20 век.
"Книгата е резултат на моите повеќегодишни истражувања во југозападниот дел на Македонија што се открија како вистинска ризница на уметноста на 19 век и времето на преродбата. Содржи студии кои се поврзани со Дичо Зограф и Аврам Дичов од сферата на иконопис и живопис, но има и текстови кои се резултат на истражувања што ги имав на Косово. Од таа голема маса на новини одбравме мала целина посветена исклучиво на Дичо Зограф и Аврам Дичов. Книгата содржи и презентација на нови досега непознати материјали", вели авторот Цветкоски.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Лето Господово 2010

Манифестациите по тој повод продолжиа и наредните два дена, со Меѓународен симпозиум „1.100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски“, во организација на МПЦ и Дебарско-кичевската епархија, на која учестуваа   експерти од Македонија, Бугарија Србија и Русија.

Извор:

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная