логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 


Оваа година, на денот кога Црквата го слави споменот на светите апостоли Петар и Павле, кичевската градска црква која е посветена токму на овие двајца Христови апостоли славеше стогодишен јубилеј од нејзиното осветување. По тој повод, вечерта со почеток во 18 часот се служеше Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Наредниот ден, утрото, во 7:00 часот започна Утрената богослужба, а околу 8:30 часот се направи дочек на Архиереите. Пред да започне божествената Литургија се изврши преосветување на светиот Престол бидејќи на истиот беше поставена нова мермерна плоча, а после тоа се изврши и осветување на новиот иконостас.

Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Струмички г. Наум, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европоски г. Пимен, архимандрит Нектариј, архимандрит Партениј, протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протојереј-ставрофор Ацо Гиревски, игумен Јосиф, свештеник Стевче Тошески, кој за време на светата Литургија беше произведен во протојерејски чин, протоѓакон Ратомир Гроздановски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Антоние Попоски. По завршувањето на Литургијата, од страна на проф. д-р. Ратомир Гроздановски беше промовирана монографијата „Црквата свети Петар и Павле во Кичево“ од д-р Сашо Цветковски, посветена на оваа црква, а во чест на нејзиниот стогодишен јубилеј. Кон верниот народ Архиепископ г. г. Стефан се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

 


Храмовите - небесни двери на земјата

 

Со чинот на малото осветување на обновениот олтар со престолот и новиот иконостас и со отслуженава Света Литургија, молитвено ја одбележуваме 100-годишнината од осветувањето на овој велелепен храм, воедно, чествувајќи го и празникот на патроните на Кичево и на овој крај – свети првопрестолни апостоли Петар и Павле.

Но, за да ја разбереме смислата и улогата на овој кичевски храм, и на сите наши храмови, би сакал да кажам збор–два за историјата и за местото на храмот, воопшто, во духовната историја на народите, како и за историјата на храмот по македонската земја.

Имено, кај Евреите, Скинијата била најстарото јавно место за молитва, која му претходела на храмот, подигнат од царот Соломон на околу 10 века пред Христа. Тој Соломонов, уште познат и како Ерусалимски храм, опстојувал сè до 70-та година по Христа, кога бил урнат од Римјаните, а пред тоа бил двапати обновуван, во времето на Зоровавел (520 г. пр. Хр) и во времето на Ирод (37-5 г. пр. Хр).

Во Светото Писмо и во црковната терминологија, храмот се именува и како дом Божји, и како дом Господен, и како Царска палата, и како Црква, и како синод односно собор, и како дом за молитва, и како трпеза и сл.

За првите храмови на македонската земја нема податоци. Веројатно, домовите на првите христијани биле и први храмови (каков што бил домот на тештата на свети апостол Петар во Капернаум, и за таков може да се смета и домот на Лидија од Тиатир, којашто св. Павле ја покрстил и таа е првата христијанка во Европа, каде што апостолот, заедно со сопатниците престојувал и каде што, покрај проповедта за Евангелието, се вршеле и свети богослужби). Свети апостол Павле своето послание до Филипјаните го адресирал до сите свети во Исуса што се во Филипи со епископите и ѓаконите (Фил 1.1), а и двете посланија до солуњаните ги испратил „до солунската Црква“, која, како христијанска заедница, имала и таен дом за молитва, а можеби и катакомба. Но, како и да било, во тие години сето тоа функционирало во најголема тајност, поради строгата забрана за христијанската религија.

Но, со миланскиот едикт од 313 година, издаден од царот Константин Велики, Христијанството станало рамноправна религија со сите други во Римската империја, а со тоа и христијаните се стекнале со право слободно да градат храмови и светињи. Царот Константин и мајка му Елена биле пример и во тоа. Тие ги подигнале храмовите во Светата земја - во Витлеем на местото на Христовото раѓање, во Ерусалим на Голгота, на местото на Христовото страдање и воскресение, храмови кои во најголема мера се запазени и до денес.

Во Македонија, исто така, длабоки се и древни темелите на христијанските храмови. Археолозите одамна и на многу места откриле темели од ранохристијански сакрални градби: во Охрид, Хераклеа, Стоби, Баргала, Скупи и во други места, каде што откриените остатоци говорат за богат духовен живот и велелепни градби со високи уметнички вредности. Подоцна, светите Климент и Наум, на двете страни од Белото Езеро ја продолжиле градителската традиција на нашиве простори, а нивниот пример го следеле и градителите во Козјак кај Штип, на Света Софија во Охрид, во Водоча и Вељуса - Струмичко, во Курбиново - Ресенско, во Горно Нерези - Скопско и сл.

Средниот век, исто така, изобилува со велелепни градби на храмови со прекрасни фрески и тоа е, веројатно, најубавото во нашата архитектура и живопис (Света Богородица - Перивлепта во Охрид, Свети Ѓорѓи во Ст. Нагоричане, Свети Никита, Марков Манастир и Свети Андреја во Скопско, Свети Гаврил Лесновски), а такви градби се граделе и во преродбенскиот период. Статистичарите пресметале дека Македонија, по Италија и Шпанија, е трета по бројот на храмовите изградени во квадратен километар. И добро е што таа традиција никогаш не прекинала меѓу македонскиот народ. Материјално бил сиромав нашиот народ, но за Бога секогаш имал! Така и во изминативе 50 години, во Македонија и меѓу иселените Македонци во светот, се изградени многу нови цркви и обновени се или заштитени поголем број од старите, дури кај нас направените се и повеќе и подобро од многу поорганизирани Цркви и побогати држави. Во таа смисла, заслужува внимание и трудот, средствата и секако умешноста, вложени во обновата на овој кичевски храм, во чест на 100-годишнината од неговото осветување.

Возљубени, можеме ли да замислиме како е градено пред 100, 200 и повеќе години, и овде и по сета наша земја, во времето на ропствата и туѓите владеења? Со каква вера, со колку љубов и надеж се вградувале нашите постари во градбите во чест на вечно живиот Бог и на Неговите светии! И благодарение на богољубието што го имале генерациите пред нас, бил изграден и опстанал овој храм, а да веруваме, со Божја помош, и дека ќе опстои и во времето по нас. По молитвите на врховните апостоли Петар и Павле, токму на нивниот празник одбележуваме и 100 години од осветувањето на храмот. А, да се говори и каде било и кога било за христијанскиот храм и за Црквата Христова, не може, а да не се говори и за овие двајца најзаслужни апостоли во ширењето на Црквата Христова на земјата.

Свети апостол Петар, бил прост галилејски рибар, плашлив по карактер, та дури и трипати се одрекол од Христа. Тој ист Петар, по воскресението на Господа, откако примил Свет Дух на Педесетницата, се издигнал во апостол кој веќе со првата преповед во Ерусалим придобил 3.000 души (Дела. 2, 41). Тој ист плашлив апостол, вооружувајќи се со силата на Крстот, постанал храбар и пред силните римски цареви и еврејските првенци. Имајќи во себе длабока вера во Маченикот од Голгота, тој од ништо и пред никого веќе не наведнувал глава. Во книгата Дела Апостолски забележани се некои од неговите активности во ширењето на Евангелието, забележана е и чудотворната сила што ја поседувал, кога, во името на Христа, и болни лекувал (Дела 3, 1-26), и мртви воскреснувал (Дела 9, 40). Во тие години, кога се страдало само заради името христијанин, апостолот Петар јавно и без страв говорел дури и пред Синедрионот, па двапати бил и затворан. (Дела 4, 1-20; 5, 17-42). Сам, или со други апостоли, патувал и надвор од Ерусалим, проповедајќи Го Христа воскреснатиот: во Самарија (Дела 8, 14-15), Кесарија (10, 1-40), Антиохија (Гал. 2, 11-15), а според преданието стигнал и до Рим, каде што во 67 година, во времето на императорот Нерон маченички, распнат на крст, го завршил својот живот (според Ориген - надолу со главата).

А свети Павле, некогашниот Савле, бил најученото момче на своето време и голем исполнител на Мојсеевиот закон и еврејската традиција. Бил истакнат непријател и прогонувач на христијаните (Дела 9, 1-2). Дури е забележано дека го одобрувал и убиството на првомаченикот и архиѓакон Стефан во Ерусалим (Дела 7, 60). Но, по средбата со Господа Христа на патот за Дамаск, тој доживеал целосно преображение, се крстил и од познат гонител постанал уште попознат бранител на Црквата (Дела 9, 1-20; 22, 5-19; 22, 9-18).

Се запознал со св. Петар и другите апостоли, па откако се подготвил, со Варнава, отишол за Антиохија да ја проповеда вистината со Христа; често патувал, па дури на трипати имал свои мисионерски патувања (Првото од 45 до 48, Второто од 49/50 до 52/53, и Третото од 53 до 58), за на Второто и Третото да ја посети и Македонија, односно градовите Филипи, Солун, Бер и др. Многу патувал за да Го проповеда Христа, па се вели дека стигнал дури до границата на Западот (веројатно до Шпанија, сведочи свети Климент Римски). И тој, како и св. Петар, во Рим пострадал маченички за Христа, бил исечен со меч, како римски граѓанин во истата 67 година.

Но, голема е заслугата на овие двајца апостоли во градењето на Црквата Христова. За нив е речено дека направиле повеќе од сите други апостоли и од многу други мисионери потоа. Ним им се оддава почит како на врховни и првопрестолни апостоли и на Исток и на Запад.

Светата Црква, раководена од Светиот Дух, продолжила да се гради и надградува и по апостолите, какви што биле Петар и Павле, како и по градителите, какви што биле Константин и Јустинијан. Дваесет столетија Светата Црква го чекори својот пат и го живее својот живот, чувајќи ја спасоносната вистина. Но, на Црквата и се потребни постојано и апостоли, и градители и чувари... А нам, на нашава генерација, ѝ припаѓа обврската да продолжи да ја знае и да ја живее верата апостолска и прадедовска. Наша обврска е и да градиме нови, но и да ги чуваме градбите и делата на нашите постари. Нашиот македонски народ, подолг период е исправен пред исклучителни искушенија. Нашата традиција, а секако и потреба, да се оди на печалба, како и преселбите во поголемите градови и центри, придонесоа да ги испразниме селата, а со нискиот наталитет ја предизвикавме и белата чума меѓу нас. Последен момент е да сфатиме дека земјата е на оној што ја работи, а градот на оној што ја има чаршијата, и дека, конечно, треба да сфатиме дека за ваквата демографска, како и за некои други состојби, вината е најмногу во нас, Македонците. Затоа и денес, и од ова свето место, повикуваме и благословуваме, помладите семејства да ја даруваат Татковината и родот наш со уште по една-две рожби, а со тоа ќе ја даруваат нашата македонска надеж и иднина.

Господ, основачот и градителот на Црквата по молитвите на великите апостоли Петар и Павле, нека ја чува и надградува и нашата света Црква како дел од Едната, Света, Соборна, и Апостолска Црква, нека ги благослови нашата библиска земја и нашиот древен и богољубив македонски народ. Нека ни ја засилува верата и нека ни го зацврстува единството!

Дај Боже, вечни нека бидат овој свет храм, нашата Македонија и Црквата македонска! Амин!

Архиепископ охридски и македонски Стефан


Извор:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=960&Itemid=32

http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=628

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная