Скопје, 30 април 2010 год- храм на св. Никола во населбата Скопје Север
Членовите Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Бутел, организираа донаторска акција за уредување на дворот во храмот на св. Никола во населбата Скопје Север. Верата и вербата во Бога, која завзема значајно место во нивните животи и нивното функционирање како млади луѓе, ги мотивираше младите да на ден 30.04.2010 година, потпомогнати од ОК Бутел на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со градоначелникот на општина Бутел г-дин Петре Латиновски и началникотна подрачната единица на министерството за земјоделие г-ѓа Роза Накова, да го разубават дворот на црквата Св. Никола во Скопје Север – општина Бутел, при што беа засадени маслинки, калинки, шимшири, костени и јавори.
Лето Господово 2010