Виена, 13 мај 2010 год.-
За многу години нека ни е Вознесението Христово!
Оваа година верниците во Виена ја имаа честа за прв пат да го прослават Вознесението Христово во своја црква, во која во моментов Митрополитот Европски г.Пимен и зографот Теолипт Пандевски вршат фрескосписување . На Божествената Литургија во чест и слава Христова, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во денешната беседа Владиката наш Пимен им се обрати на верните - пренесувајќи има го Словото Христово од денешното Евангелие, наговестувајќи го слегувањето на Светиот Дух и Второто Христово доаѓање.
+ Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух..+..
За Вас од Виена,
А.Л.