логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Декларацијата од Равена (17.11.2007)

 Оние што се исплашени од некакво единство со Римокатоличката црква - да не се плашат многу, а оние што се надеваат дека такво единство ќе се случи - да не се надеваат многу, затоа што ние Православните, имајќи иста вера, сѐуште помеѓу себе не можеме да се восогласиме, а камоли да се восогласиме и да стапиме во заедница со Римокатолиците со кои немаме ни иста вера.

Затоа претставниците на дијалогот во Равена не можат да се залажуваат себеси и другите со изјави од типот: Потврдувајќи и исповедајќи „еден Господ, една вера, едно крштение“ (Ефесјани 4, 5), Му оддаваме слава на Бог Света Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух, Кој нè собра заедно. Со ваков тип на изјави текстот заличува на една многу убава обланда која во себе крие многу отров.

Ние немаме иста вера со Римокатолиците затоа што кога би имале не би имало потреба од дијалог, кој траејќи веќе неколку десетици години, само го потврдува постоењето на нашите разлики во верата. Овие разлики во декларацијата се минимализираат со формулацијата „отворени прашања“. А бидејќи не сме иста вера, не сме ни иста Црква. Еве колку едноставно го објаснува тоа свети Григориј Палама: „Оние што ѝ припаѓаат на Христовата Црква ѝ припаѓаат на вистината, а оние што не ѝ припаѓаат на вистината ниту на Христовата Црква не ѝ припаѓаат.“

Декларацијата од Равена за сите нас, римокатолици и православни, не е ништо друго освен едно огледало во кое уште еднаш се огледува нашиот неуспех и немоќ да се сретнеме во Љубов и Вистина. Новиот Завет на Единиот човекољубец Бог и наш Спасител, Исус Христос, постојано нѐ повикува сите нас на искрено покајание. Смислата на ова покајание се оличува во зборовите на блажениот отец Георгиј Флоровски: „Соединувањето на Христијаните за мене не значи ништо друго, туку сесветско враќање во Православие“.

Привршувајќи го овој коментар сакаме да направиме уште две забелешки: прво, мораме да веруваме во добрата намера на повеќето учесници во дијалогот и истиот да го поддржиме да продолжи; и второ, ако ние православните сме свесни и претендираме на фактот дека теоретски вистината е кај нас, тогаш ние сме единствените виновници што Вистината не ја сведочиме со конкретна љубов во пракса, по која би нѐ препознале дека сме Негови ученици и преку која сите би се присоединиле кон нас.

P.S. Го молиме авторот на овој текст, лесно претпознатлив по својот стил на пишување, Митрополитот пергамски Јован Зизиулас, ако во иднина повторно му се даде можност да составува еден ваков текст, за советник да земе и некој православен Епископ кој конкретно раководи со свештенство и верен народ за да не му се случи превид во пастирската димензија на напишаното. Исто така, кога прави разлика помеѓу локалното, регионалното и универзалното ниво на дејствување на Црквата, да нагласи дека таквата поделба е само административна. Додуша, тоа е направено и во овој текст: оваа поделба на нивоа не ја намалува Светотаинската еднаквост на секој Епископ ниту соборноста на секоја помесна Црква, но не е и доволно нагласено.

(од редакцијата на сајтот на МПЦ)

Еклисиолошки и канонски последици од Светотаинската природа на Црквата. Црковно заедничарење, соборност и власт

+++

Во врска со темата:

ЕПИСКОП ИЛАРИОН: за средбата во Равена

ВАТИКАН НЕ САКА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДИЈАЛОГОТ СО ПРАВОСЛАВНИТЕ БЕЗ РУСКАТА ЦРКВА

 Посети:{moshits}
 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная