Стопанска банка АД – Скопје донираше 615.000 денари како помош за обновата и реконструкцијата на конаците во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ оштетени од минатогодишниот пожар. Бигорскиот манастир е од непроценлива вредност за македонскиот народ и култура, богат со историја и висока духовна вредност и токму затоа Стопанска банка континуирано обезбедува поддршка за негово одржување.
Претставниците на Банката предводени од Првиот Генерален Директор г. Глигор Бишев го посетија манастирот за лично да ја изразат својата поддршка и да го проследат напредокот кој е направен во реконструкцијата и обновата.
Во својата континуирана определба да биде компанија со висока корпоративна општествена одговорност Банката продолжува да поддржува проекти, институции и активности од јавен и општествен интерес.
Оваа заложба како и досега, Банката ќе ја негува и во текот на оваа година со организирање на неколку проекти кои се од јавен интерес.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна
14.04.2010 година