Во новата верзија на иконата Оплакување Христово, од црквата Свети Никола (Виндзор, Канада) се наглаени драматичноста и болката на овој несекојдневен настан опишан во Евангелијата.
Во задниот план, темно-плавото и тмурно небо, покрај тоа што го илустрира записот “А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно спроти сабота” (Марко15-42), укажува и на големата тага која го опфати бестелесниот свет.
Наспроти тоа, јака светлина го облева пејсажот од растресената Голготска земја, светлина која како во божја прегратка ја држи готово театарски поставената сцена на Христовото оплакување. Сцена со 23 фигури која премногу е исфрлена во преден план со цел да се приближи до гледачот кој е ставен пред избор да се придружи на оплакувањето или да биде како “оние кои отидоа да работат на нивите”. Ако и за момент гледачот остане пред иконата, неговиот поглед се фокусира на лицето на Богородица кое изразува болна гримаса на длабока жалост. Нејзиното лице е во грч, а од очите избива тага која се пренесува и на другите присутни. Марија Магдалена со драматично подигнати раце (во кадар заедно со скалите и крстот), се соживува и го пренесува мајчиниот бол во висините. Во хоризонтала (земно) директно се вклучуваат Јован кој ја љуби Христвата рака и Јосиф кој ги љуби стопалата. Никодим кој ги донесе кошницата со клинците, клештите и чеканот е затекнат во гест на збунетост. На лицата на сите присутни се гладаат нагласени внатрешни чуства.
Целокупната драматичност поткрепена е со интезивноста на колоритот и со раздвиженоста на линиите на облеката.
Во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беа отслужени богослужби во спомен и чест на страданијата, погребението и воскресение на нашиот Господ Исус Христос, со кои чиноначелствуваше Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников, во сослужение на ипоѓаконот Димитар Башевски.
Во присуство на голем број верници и во тажна атмосфера отец Мустеников го започна пеењето на 12-те страдални евангелија на Велики Четврток.
На Велики Петок на утро од кога женската секција го укрси со свежо цвеќе Христовиот Гроб, беа одслужени Царските Часови со изнесување од олтарот на крстот со Распнатиот Господ и Плаштаницата,. На вечер беа читани статиите односно беше извршено погребението Христово.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.com.mk/images/Vindzor_VelikiPetok
Фото и текст: Глигор Стефанов