![HRISTOS.SPASITEL.jpg HRISTOS.SPASITEL.jpg](/images/stories/vesti08/HRISTOS.SPASITEL.jpg)
Мудриот Јосиф се покажа како праведен управник. Слава Ти, дарителу на жито.
Синагогата еврејска Господ ја спореди со смоквата лишена од духовни плодови и ја исуши проколнувајќи ја. Да бегаме од таква судбина.
Синаксар
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е оној слуга кој ќе го најде буден, недостоен е пак, оној, кој ќе го најде кај дреме. Внимавај, душо моја, сонот да не те совлада, да не бидеш на смрт предадена и оставена надвор од Царството. Но, вразуми се и воскликни: Свет, свет, свет си Боже, заради Богородица, помилуј нè!
Утрена, Велик понеделник
Поттикнат од Твоето Милосрдие, Христе наш Добротворе, Ти доброволно си излегол на Своето страдање, сакајќи да нè избавиш од страдања и осуда во адот. Затоа сите пееме пофалби на светото Твое страдање и го славословиме Твоето самопонижување, Спасителе.
Повечерие, Велик понеделник
Читање од Светото Писмо:
Свето Евангелие по Матеј 22, 15-46; 23, 1-39
Подготви: А.Л