логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 markov.sv.Zlata1.jpg

Програма за ревитализација на Старата скопска чаршија


 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 

Скопје, 17 февруари (МИА) - Во Чифте амам на 17.02. 2010 година, беше промовирана Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија  за периодот 2010-2015, подготвена од Националниот совет формиран од Владата за да го коороднира реализирањето на иницијативите и активностите на сите институции надлежни и вклучени во заживувањето на чаршијата.

Таа е стратешки документ што ќе овозможи преземање долгорочни мерки за ревитализација, одржлив развој, стопанско и културно реактивирање на чаршијата, зачувување на нејзиниот идентитет и афирмација за натаммошен развој.

markov.sv.Zlata1.jpg

Во присуство на премиерот Никола Груевски, стручни лица и меѓународни претставници, програмата  ја презентираше претседателка на Националниот совет Јасминка Хаџиева-Алексиевска. Таа опфаќа четири стратешки развојни подрачја - занаети, одржлив туризам, култура и угостителство и трговија. За секое има акциски план. Се предвидуваат трговски и даночни олеснувања за занаетите и субвенции за оние кои се значајни за идентитетот на чаршијата, формирање туристичко-информациски центар, отворање мали продавници и угостителски објекти со традиционална храна, пансиони за студенти, реанимирање со многу културни содржини, меѓународна соработка и бесплатна понуда на простори во чаршијата на земји или градови кои некогаш влијаеле на неа, како Истанбул, Венеција, Дубровник...

markov.sv.Zlata1.jpg

Хаџиева-Алексиевска рече дека приоритети се кохезија на чаршијата со град Скопје, институционално јакнење, нови извори на финансирање, јавно-приватно партнерство за услужните дејности, подигање на свеста на граѓаните за значењето на чаршијата.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потсети на Законот за старата чаршија донесен во 2008 година, со кој се уредуваат клучните прашања за практичните аспекти  на заштитата на таа споменична целина  како конгломерат на култури и профани и сакрални објекти од средниот век и составен и незаменлив дел на модерно Скопје.

- Со ревитализацијата ќе се овозможи општ развој на заедницата во чаршијата, но и на сите луѓе кои тука ќе доаѓаат да работат, учат или да го поминат слободното време. До Министерството за култура се пристигнати повеќе иницијативи за доделување простор во старата скопска чаршија кои во моментов се разгледуваат, се со цел да се доделат  на  користење на заинтересираните субјекти од областа на културата, кои ќе придонесат за заживување на ова јадро, рече Канческа-Милевска. Таа соопшти дека со партнери од Франција е почнат и процес за инвентаризација на чаршијата и оти во 300 од 650 одделени објекти таа е завршена.

markov.sv.Zlata1.jpg

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити информираше за активностите  што неговата општина ги презела за  ревитализација на чаршијата, констатирајќи нејзина запоставеност во изминатиот период.  -  Нам, како нова генерација, во аманет ни е оставена благородна задача да го зачуваме ова богатство, да му ги зголемиме вредностите и да го оставиме на  идните генерации како доказ за различни историски периоди, но и како доказ за вековниот соживот на овие простори, рече Меџити.

Со програмата е отворена и веб-страница www.skopskacarsija.gov.mk и е изработен спот од Сојузот на стопанските комори и Кинотеката на Македонија. хс/са/15:15

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg


  markov.sv.Zlata1.jpg

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

07/07/2025 -понеделник

Петровденски пости (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная