ХРВАТСКИ ОГРАНОК НА СВЕТСКАТА
КОНФЕРЕНЦИЈА РЕЛИГИЈА ЗА МИР
На 10. 12. 2009 година, во "Глазбени Завод" Загреб, по седумнаести пат се одржа меѓурелигиски концерт под мото "Со збор и песна за човековите права и мир".
Концертот започна со молитва која ја предводеше владиката крижевачки г. Никола Кекиќ. Потоа следеа молитви од сите претставници на верските заедници, кои делуваат во град Загреб.
Протоереј Кирко Велински, претставник на Македонската Православна Црква во Р. Хрватска, молитва изрече на Македонски јазик.
Музичкиот дел на концертот го започна хорот на Грко-католичката црква "Свети Кирил и Методиј."
Стојанка Тежак, претставничка на Македонската Православна Црковна Општина "Света Злата Мегленска" ja отпеа молитвата Достојно ест, од Божествената Литургија по Јован Златоуст.
Следеа прекрасни изведби од сите учесници.
Известуа: С. Т.;