логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.Petkovden.jpg

Проф. д-р Ратомир Грозданоски
Од  Промоцијата на ден, 26.11.2009 лето Господово, во  Соборниот  храм на св. Климент Охридски – Скопје

ИЗВАДОЦИ ОД КНИГИТЕ:

 -Блаженствата – земнонебесни скалила
-Вовед во Светото писмо на Нвиот завет
 -Прво послание до Коринтјаните

 

Stefan.Petkovden.jpg
1.
„Блаженствата – земнонебесни скалила“
Прво блаженство
Првото блаженство е посветено на чове¬ковиот дух. А човекот кога паднал со духот, тогаш го направил гревот и постанал смртен, па спасението е повторно обесмртување на смртниот.
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!“
Бедни, а имаат цело царство! Чудно. Да, но овде владее евангелската логика, а не овоземската логика на разумот; ова е дури и антилогично за човечкото расудување, но тоа е во духот на богочовечката Логосна логика на Новиот завет каде што се вели: Првите ќе бидат последни, а последните први; немањето е најголемо имање; крстот е слава; смртта со смрт се победува; кротоста е најголема храброст; мудроста - лудост, а лудоста – умност;  бедниот е богат и бедните по дух – се духовно најјаки.
Господ Исус Христос не рекол дека ќе бидат блажени општо сите бедни, – и оние материјално сиро¬машните. Зошто? Затоа што, можеби, некои од нив се бедни од мрзливост. Материјалната сиромашност и не¬маштијата – бедноста, сама по себе, не е добродетел и не дава блаженство. Навистина, понекогаш материјалното сиромаштво може да биде и содејство или поттик за спасоносна бедност по дух, но, исто така, може да биде и поттик на смртоносна омраза и гнев кон оние што имаат.
Не се блажени ни оние кои лицемерно се прет¬ставуваат пред луѓето како смирени и бедни по дух.
Да се биде беден по дух, значи човекот да согледа дека нема ништо што не го примил од Бога и дека без Бога, без Божјата помош и без Божјата благодат е ништо.
Бедни по дух можат да бидат и богатите и сиро¬мавите: сиромавите кога се трудат, според својата мож¬ност, и Му благодарат на Бога што ги љуби и што се грижи за нив; а богатите, кога не се сметаат за поважни од другите, и кога не се горделиви за богатството што го имаат, па го користат за слава Божја и за помош на ближните.
Зошто Христос смирението го поставува за прво блаженство? Затоа што смирението е борба про¬тив првиот, почетниот и основен грев – гордоста. Ако гордоста е мајка на сите гревови, тогаш првата добро¬детел и мајка на добродетелите е смирението.
Смирението е знак на големите души, а горделивоста – на ситните души.
Светиите колку повеќе духовно растеле, толку повеќе биле смирени, слични на плодородното дрво, кое колку има повеќе плодови, толку повеќе натежнува, се свиткува и се наведнува.
Злите духови не го поднесуваат смирението и тоа нив ги победува. На свети Макариј Египетски  му се јавил ѓаволот и му рекол: „Сè што правиш ти, правам и јас: ти постиш, а јас ништо не јадам, ти бдееш – буден на молитва, а јас воопшто не спијам; но, ти ме победуваш со твоето смирение“.

Stefan.Petkovden.jpg


2.
„Вовед во Светото писмо на Новиот завет“
Оваа книга претставува антологија на разработената библиска литература на Новиот завет. Тоа значи дека содржи сè што е најнеопходно да се знае за книгите на едниот од двата дела на Библијата – за книгите од Светото писмо на Новиот завет. Овде, како во лектира, е претставена секоја библиска книга: од првата до последната, од времето на Христа до вечноста. Првата започнува со Првото Христово доаѓање како Спасител на светот, а последната завршува со Второто Христово доаѓање како Судија и за крајот на светот.
Во ова дело ќе прочитате за сите 27 библиски книги на Новиот завет, за тоа како настанале, кој ги напишал, каде и кога се напишани, како и зошто, за кого, со која цел и задача, и дали тоа што го имаме ние денес во Библијата е вистинскиот, автентичен текст и кои се сведоштвата за неговата веродостојност. 
Започнуваме со Светото евангелие кое е едно во четири форми запишано од четворицата евангелисти Матеј, Марко, Лука и Јован. Тројцата од нив се Евреи, а само еден не е Евреин и тој е Македонец – лекарот Лука од Филипи. Од сиот незнабожечки свет Бог избрал само Македонец да пишува Евангелие за животот и дејноста на Господа Исуса Христа. Освен Светото евангелие Лука напишал и уште една библиска книга – Дела на светите апостоли. Таа е петта по ред во книгите на Новиот завет, односно, таа се наоѓа веднаш по четирите евангелија, и ни ја опишува Црквата Христова во нејзините почетоци. Значи, две библиски книги се напишани од Македонец, којшто е единствен неевреин од осумтемина кои ги пишувале новозаветните книги во Светото писмо.
И не само тоа, туку уште три други книги од Библијата се испратени во Македонија. Свети апостол Павле напишал 14 посланија кои сочинуваат 1/2 од книгите во Светото писмо на Новиот завет, а три од нив ги испратил во Македонија: Посланието до Филипјаните, Првото послание до Солунјаните и Второто послание до Солунјаните.
И најпосле, две посланија, пак, апостолот Павле ги напишал во Македонија, а ги испратил до други места и личности: Второто послание до Коринтјаните и Првото послание до Тимотеја.
Според тоа, дури седум книги од Светото писмо на Новиот завет се поврзани со Македонија и со Македонците. Ова е голем Божји дар и изобилен благослов за нас. Сите овие вистини и повеќе од тоа ќе може да најдете и да прочитате во ова дело. А тоа треба да го знаат не само теолозите, и не само верниците, туку и сите културни и образовани луѓе.

Stefan.Petkovden.jpg

3.
„Прво послание на Светиот апостол Павле до Коринтјаните“

Апостол Павле, како „темел“ на помесната Коринтска црква Го поставил Господа Исуса Христа, Кој е темел на целата „една, света, соборна и апостолска Црква“.
Мудриот првоградител Павле, вели: „поставив темел, а друг ѕида; само секој нека пази како ѕида.“ Тоа значи дека, како што апостолот бил првоградител и втемелувач за Коринтската црква, така и црковната ерархија учествува во вечниот Божји план за спасение на луѓето. И секој самиот е ѕидар на сопственото спасение. „Секој“ значи  дека од секого се бара подвиг и лично учество, нема замена и туѓ труд, туку сопствен наш труд за нашето спасение. Во тоа ни помагаат: Бог, Божјата благодат, ангелите, апостолите, светиите, евангелското и црковното учење, низ духовното водство на ерархијата. Таква е Божјата градба.   Од толкувањето на 1. Кор. 3,10-11.
Химната на љубовта
Срцето исполнето со љубов претставува остров на бесмртноста во морето на сеопштата смртност на земјава.
Љубовта е повечна дури и од самата вечност.
Таа е единствената сила која ја пробива обвивката на човековата себична саможивост.
Љубовта ништо не сака за себе, туку сè дава, сè жртвува и се жртвува за сите: и за своите и за туѓите, и за добрите и за лошите, и за праведните и за виновните, и за пријателите и за непријателите.
Таму каде што има љубов, има и смирение, а онаму каде што е гордоста, таму има само леш на љубовта.
Човекот без љубов не е човек, туку маска човек, форма на човек. Тој го има ликот човечки, но ја нема суштината. Без љубов тој е обессуштен, обезбожен и обезбоголичен.
Па така, љубовта е јазик на верата и нејзин доказ, бидејќи верата преку љубовта се доживува и се докажува.
Знаењето без љубов е како окото без зеница.
Интелигенција без љубов е ѓавол.

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная