логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Промотор: проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски
„Вовед во Светото писмо на Новиот завет – посебен дел“

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Книгата „Вовед во Светото писмо на Новиот завет – посебен дел“ на протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски, излезе во 2008 година како издание на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје. Таа е посветена на јубилејот – 2000 години од раѓањето на св. ап. Павле, кој, според зборовите од посветата од авторот, „дојде најпрво во Македонија, при посетата на Европа/// и во Македонија испрати три посланија, а уште две ги напиша кај нас и ги испрати до други“. Излегувањето на книгата се поврзува и со уште еден повод: 50-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.
 Самиот наслов на книгата „Вовед во Светото писмо на Новиот завет – посебен дел“ колку објаснува, толку и збунува, посебно за оние кои не се занимаваат со теолошките науки. Обично мислиме дека „вовед“ е нешто споредно, нешто што само го воведува човекот во суштинските работи, па затоа е помалку значајно и важно.  Дури се чини и необично што една посебна научна дисциплина која се занимава со изучување на Светото писмо се нарекува – „вовед“. Кај западните новозаветници постојат правци и школи од оваа област, додека кај православните скоро и да нема разидувања во ставовите и пристапите кон библиските книги. За нив светоотечкото толкување е примарно мерило.
Воведот во Светото писмо како наука своите почетоци ги има од крајот на 17 век, но уште блажениот Ероним беше говорел дека без вистински водич и без сигурен патоказ - невозможен е влезот во Светото писмо. Постои вовед и за Стариот и за Новиот завет, а потоа и во двата случаи се применува поделба на општ и посебен дел. Општиот вовед се занимава со историјата на канонот, текстот, јазикот, преводите, додека посебниот вовед ја разгледува историјата и настанокот на секоја библиска книга поодделно. Така и овој „Посебен новозаветен вовед“ истражува кој е писател на книгата, кое е времето и местото на пишување, која е целта на пишувањето, потоа ги обработува прашањата поврзани со интегритетот и автентичноста на секоја книга, која е нејзината содржина, завршувајќи со кратка разработка и тематска поделеност на текстот. И таквата постапка е спроведена врз сите 27 книги од Светото писмо на Новиот завет.
Според заклучоците на авторот, сите книги од Новиот завет настанале во период од околу 50 години, на просторот од Коринт до Ефес, односно Коринт, како место на пишување на првата книга (Посланието на св. ап. Павле до Солуњаните), и Ефес, како место на пишување на последниот спис (Јовановото Откровение). Потоа, како места на пишување на новозаветните дела се спомнуваат Антиохија, Ефес, Коринт, па Македонија... За Ефес се поврзуваат дури 11 списи. Најголемиот број од делата, односно половината новозаветни книги, потекнуваат од апостолот Павле, а вториот по ред на авторство е светиот апостол и евангелистот Јован, кој напишал вкупно пет од сите новозаветни списи. А да се потсетиме и дека делата на светите автори не настанале во услови на мир и тишина во некоја библиотека, туку претежно се резултат на животот и борбата на новозаветната Црква.
Во ова дело, за некои од новозаветните книги посветено им е значително повеќе внимание, отколку на другите. Таквата нерамномерност, според авторот, е направена по потреба, свесно и со определена цел. Некои библиски книги даваат повеќе повод за разработка, некои се повеќе оспорувани, а за некои изразитото внимание се должи на поврзаноста со Македонија и Македонците. Таков е примерот со Евангелието според Лука, кој, според авторот, има македонско потекло, или примерот со апостолот Павле, кој, според библиското сведоштво, четирипати бил во Македонија, а можеби и повеќе, како и за посланијата што ги упатил во Македонија: Првото и Второто до Солунјаните и Посланието до Филипјаните. На крајот од книгата е сместена хронологија на животот и настаните на светиот апостол Павле, табеларен преглед на Павловите посланија според времето и местото на пишување, како и список на 70-те апостоли.
Според кажувањата на самиот автор, книгата настанала како плод на неговите предавања во период од 25 години и наменета е, на прво место, за студентите, а потоа и за вероучителите, свештениците, но и за сите оние кои имаат потреба од увид во проблемите и резултатите од новозаветните истражувања. При обработката на содржините ползувана е избрана, но воедно и богата литература, која е посочена кон крајот на самата книга. Велам избрана, затоа што ако некоја библиска наука напредувала во последните педесет години, тоа е секако воведот во Светото писмо. Притоа, земени се предвид новите плодови на научните истражувања за настанувањето на Светото писмо, како и археолошките и ракописните пронајдоци од нашево време. Сепак, останува констатацијата дека е тешко за секој еден истражувач да се помири со фактот дека желбата за дознавање е поголема од можностите, дека на располагање се навистина многу малку податоци врз основа на коишто би можеле да се донесат целосни и комплетни заклучоци.
Како стручњак на полето на библиската наука и голем познавач на релевантната библиографија, протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски го состави и ова дело, кое, како што истакнавме, е од научен, но воедно и од популарен карактер и е наменет како за теолозите, така и за поширокиот круг читатели. Така и овој вовед е навистина посебен, тој е вистински вреден потфат и значаен придонес за нашата скромна библиска литература, па затоа очекуваме секој нејзин читател да има огромна духовна корист.

Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная