Со благослов на Високопреосветениот Митрополит Европски Господин Пимен, во нашата МПЦО Св. Кирил и Методиј во Дортмунд започна наставата по Веронаука, која ја прифатија слушателите од сите возрасти.
Со секој нареден час бројот се зголемува и веке ја достигна бројката од 40 слушатели.
Ако некој е благочестив и Богољубив нека се насладува со оваа добра и светла победа. Ако некој е благоразумен слуга, радувајќи се нека влезе во радоста Господова. Ако некој се подвизувал со пост, нека дојде да ја прими својата награда. Ако работел од првиот ден, нека дојде да ја прими заслужената плата. Ако некој дошол после третиот час, нека празнува, благодарејќи. Ако некој стигнал после шестиот час, нека не очајува, со ништо нема да биде онеправдан. Ако некој го пропуштил и деветиот час, нека пристапи, не сомневајќисе и не плашејќи се. Ако некој стигнал во единаесеттиот час, нека не се плаши за задоцнувањето: зашто овој премудар Господар и последниот ќе го прими како и првиот. И последниот го милува и на првиот му угодува. Затоа влезете сите во радоста Господова; и првите и последните, и примете ја својата плата, и богатите и сиромасите, и воздржливите и мрзливите, почитувајте го денот Господов.
текст: Протоереј Стеван Илиоски
слики : Миланка Тосева