Сите богобојажливи луѓе со голема болка и тага во своите срца ја примија веста за опожарувањето на Бигорскиот манастир , но време е болката и тагата да ги замениме со молитва и со работа за да се обнови манастирот .
Силата на православието е во благодатта Божја која делува во манастирот и во сите богобојажливи луѓе. Таа сила побуди голема ревност кај мнозина за да се изгради опожарениот дел од манастирот, кој на сите им е потребен . За таа цел отворена е жиро сметка за донациии за изградба на манастирот со број 500 000 000 3835 65 депонент Стопанска банка а.д. Битола манастир св. Јован- Бигорски.
Сите во кои пламти ревноста за возобновување на опожарениот дел од манастирот се молат тоа да го сторат преку донации на наведенава жиро сметка, или со дирекна помош од донации во манастирот или со помош од помагање со работа која сега на монасите им е најпотребна . Милосрдноста и доброчинството не ги заборавајте преку нив мнозина задобија Царство Небесно .Амин.
Отец Горан Тасевски