логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


       

„Мојсеј те предобрази, кога ги подигна рацете кон небото и го победи мачителот Амалика, крсту чесен, на верните похвало, на страдалниците поткрепо, на апостолите украсу, на праведните заштитнику, на сите преподобни - спасителу! Затоа, гледајќи го твоето издигнување, се радува целото создание и торжествува, славејќи Го Христа, Кој, со својата добрина, го собра она што беше разделено.”(стихира од вечерната богослужба)

Со векови на овој ден благоверниот христијански народ го слави споменот на еден величествен настан, кога на соборите на архиереите, среде храмот, над оние кои топло се молат, високо се издигнал крстот и ги осветлил сите четири страни, а верните за сето време громогласно пееле „Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на христијанската империја, која се родила под знакот на Крстот, во денот кога императорот Константин во видение го видел Крстот и ги слушнал зборовите: „Со ова ќе победиш...” Тоа е Празник на победата на христијанството, нашата победа која го победи светот.

Крстот го прави нашиот живот прекрасен, нѐ сообразува со Христа, ни дава можност духовно да растеме, подготвувајќи нѐ за Воскресението и за животот вечен. За оние надвор од Црквата крстот и ден денес е камен за сопнување, соблазна и безумство. За нив крстот е причина за страв и потсмев, но презирајќи го, тие засекогаш остануваат без неговиот благослов, неговата сила, без надеж во сегашниот и идниот век.

А смирените ученици Христови со многу трпение го носат крстот свој во овој живот и така ја одржуваат благодатта Божја во овој наш болен и расипан свет, зашто каде е крстот, таму е и радоста која доаѓа со него. Таа радост всушност е сокриена во длабочината на крстот како негова најголема тајна, тајната на домостројот на човековото спасение, кое многумилостивиот Бог го промислил за нас кога ни го дарувал својот Крст, како најсилно оружје, извор на сила и надеж. Животворниот крст Господов ги воздигнува сиромашните и бедните, а гордите ги понизува со срам. Крстот е чудесен знак кој во себе ја крие целокупната тајна на божествениот домострој за спасение на човекот, а оттука и монашкиот живот како крстоносен, сиот е исполнет со радост кога се носи својот крст со силна надеж и оптимизам.

   

Токму поради таа голема љубов и почит што верниците ја имат кон Животворното дрво на нашиот Спасител, не само во навечерието на празникот, на вечерната богослужба, туку и на самиот ден Крстовден, во голем број притекнаа во манастирот на Св. Георги Победоносец со цел да се поклонат на Чесниот крст и на моштите на светителот кои со својата благоухана миризба како да покажуваа колку светиот маченик се радува на овој голем празник. Како што во четвртиот век се воздигна Чесниот Крст кога го пронајде светата царица Елена, така и денес молитвено и со коленопреклоненија на утрената богослужба, свечено се воздигна крстот во кој е вградено големо парче од Чесниот и Животворен Крст. Сите верни се поклонија и го целиваа Крстот Кој е чувар на сета вселена, Крстот Кој е красота на Црквата, Крстот Кој е сила на царевите, Крстот Кој е поткрепа на верните, Крстот Кој е слава на ангелите и рана на демоните.

Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Митроплитот г-дин Тимотеј во сослужение на Архимандрит Партениј и братството од Бигорскиот манастир, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот со пригодна беседа во чест на празникот им се обрати на верниот народ и сите присутни, истакнувајќи ја важноста и значењето на Крстот за човековиот живот, неговото спасение и сообразувањето на човекот со Спасителот во носењето на сопствениот крст во секојдневниот живот: „Животворниот Крст Господов се појавува не само како препознатлив знак во овој свет или симбол на христијанството. Тоа е пат кон нов, преобразен живот, кон лекување на падната природа на човекот и обновување на духовно-телесната природа на луѓето. Крстот Христов е неразделен и е содинет со Пасхата Христова, со торжеството на Воскресението и вечниот живот. Затоа и Крстот на кој се распна Спасителот Христос се нарекува Животворен.”

Христовиот крст постои и се јавува и денеска во животот на светителите, во животот на Христовите ученици, во животот на верните. Со големо трпение тие го носат крстот во својот живот, и покрај слабоста и несовршенството на човековата природа. Ние сакаме на Крстот Христов да го распнеме нашиот стар човек – нашите горди помисли – и преку своите секојдневни дела слободно да можеме да запееме: „На крстот Твој се поклонуваме Владико и Твоето свето воскресение го воспеваме и славиме.”

   


 Aleksand.Lit.jpg

 Aleksand.Lit.jpg

Aleksand.Lit.jpg

Aleksand.Lit.jpg

Aleksand.Lit.jpg

Aleksand.Lit.jpg    Aleksand.Lit.jpg

 Aleksand.Lit.jpg

Известуваат: сестрите од Рајчица

Забелешка: Коментарите на оваа вест, нема да бидат публикувани. Ви благодариме за разбирањето.

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная